1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија ја поддржува Македонија

22 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AzI0

Македонија ја има поддршката од Словенија во остварувањето на европската перспектива.Настојувањето во секој случај ќе зависи од заклучоците на актуелниот самит на ЕУ во Брисел и решенијата за институционалната иднина на Унијата.Ова го изјави вчера словенечкиот премиер Јанез Јанша на средбата со својот македонски колега по функција Никола Груевски на заседанието на Европските народни партии во Брисел.

Словенија најави дека во текот на своето претседавање со Унијата,ќе се залага Македонија да ги започне преговорите за пристап кон ЕУ.