1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенците и во 2013-та повторно на улица

АТ/ бета/ дв3 јануари 2013

Желбите за 2013. Словенците ги изразија уште на демонстрациите, кои го одбележаа крајот на 2012. година, а на кои граѓаните и’ порачаа на актуелната власт дека сакаат повеќе демократија, правна и социјална држава.

https://p.dw.com/p/17Cyr
Фотографија: picture-alliance/dpa

Со други зборови, сето она што им е гарантирано со уставот, кој го имаат плебисцитарно усвоено. Ако се земе во предвид дека словенечкиот БДП изнесува 35,5 милијарди евра, платите се намалени, извозот и увозот стагнираат, инфлацијата достигна непримерно високо ниво, и дека сето ова влијае врз остварувањето на желбите, тешко може да се поверува дека тие ќе бидат исполнети.

Стопанството и неговите главни актери играат голема улога во се’. Претседателот на управата на фабриката за бела техника „Горење“ од Велења Фрањо Бобинац не е оптимист и вели дека ситуацијата во Европа и во новата година ќе остане тешка, а „Горење“ според него ќе се насочи кон борба за пазари, совладување на трошоците од сите врсти, намалување на задолженоста и консолидација на сите производни локации.

Сите се надеваат на подобри резултати

Исто функционира и трговскиот синџир „Меркатор“, кој според зборовите на првиот човек на компанијата Тони Балажиќ планира да оствари поголеми приходи и покрај најавените лоши макроекономски прогнози и очекуван пад на БДП.

Раководителот во СКБ Банка Цветко Селшак смета дека во 2013 година ќе биде неопходно да се постигне повисок степен на разбирање меѓу стопанството и банките. Амбициозен план за совладување на општествената и социјалната криза неодамна изнесе и бившиот директор на меѓународната советодавна компанија „Макинзи“ (McKinsey), Словенецот Петар Краљиќ. „Словенија политички и мисловно за жал се’ уште е поделена“, рече Краљиќ и нагласи дека тоа „го кочи остварувањето на неопходните реформи и концепти за напредување“, што според него влијае на тоа да „нема ни амбициозни заеднички цели ниту добра соработка на база на доверба“, а последица е „што не се користат реалните можности, потенцијали и предности, кои ги има Словенија“.

Slowenien Generalstreik
Фотографија: Reuters

Власта би морала да го слуша народот

Како заеднички цели Краљиќ ги наведува борбата за намалување на дефицитот, долгот и инфлација, конкурентноста на Словенија, пораст на БДП над три отсто годишно, вложување во истражувањата и барем шеесет илјади нови работни места. 

Од сето произлегува дека словенечката влада во 2013. година би требало повеќе да го слуша народот и стручњаците. Незадоволството на граѓаните расте и поради тоа најавуваат продолжување на протестите во новата година. Првиот е најавен за средината на јануари, а потоа редовно до исполнување на барањата на граѓаните.