1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Случајот Ел Масри- нова пречка за Македонија на патот кон ЕУ?

Тони Гламчевски27 март 2012

Европратениците заедно со претставници на организации за човекови права дебатираа за следењето на извештајот на ЕП за сомнителните активности на ЦИА во Европа.

https://p.dw.com/p/14SrF
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пет години откако Европскиот парламент го усвои извештајот и резолуцијата (14 февруари 2007), во која беше побарано од Советот и Комисијата на ЕУ да постапи според наодите на извештајот на ЕП, но и на Советот на Европа за нелегалните активности на ЦИА, ЕУ и нејзините земји членки не постапија соодветно. Ова и покрај новите докази кои се појавија во печатот и сведоштвата на повеќе невладини организации.

ЕП повторно го актуализира прашањето со илегалните активности на ЦИА

Затоа ЕП по своја сопствена инцијатива одлучи повторно да го отвори ова прашање и според она што беше речено на заедничката дебата меѓу европратениците и невладините организации. Ова е дотолку многу важно.

„Бидејќи со извештајот на ЕП и на Советот на Европа (изработен од Дик Марти) беа откриени сериозни кршења на човековите права, како : киднапирање, нелегално затворање или мачење, сето ова без демократски надзор“, нагласи Хелен Флотр (француска европратеничка од групата на Зелените) , која е новиот известувач во ЕП по ова прашање.

Deutschland Kaled El Masri und Anwalt Manfred Gnjidic
Калид ел Масри и неговиот адвокат Манфред ГњидиќФотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Многу малку земји, кои беа покажани со прст во извештаите на ЕП и Советот на Европа спровеле ефикасни продлабочени истраги за да се утврдат одговорностите на националните власти во овие недозволени активности.

Парламентите на Полска и на Романија се задоволија само со истраги, кои имаа за цел да се брани официјалната позиција на националните власти. Во Литванија, која дозволи да се утврди дека постоеле два тајни затвори на ЦИА, сепак не беше дозволено да се утврди дали затворените лица биле малтретирани и дали високите литвански раководители биле информирани. Во последниот извештај на Советот на Европа беа истакнати професионалните истраги спроведени во Германија и во Италија, кои дозволија да се разјасни грабнувањето на Калед Ел Масри и Абу Омар.

Осум години подоцна Калед Ел Масри нема објаснување што го снајде во Македонија

Во дебатата Амрит Синг, претставничка на невладината организација „Опен Сосиети Жустис Иницијатив“, посебно се задржа на случајот со германскиот државјанин со либанско потекло, Калед Ел Масри, во кој Македонија беше соучесник.

Откако таа направи кратко резиме на приказната на Ел Масри од неговото грабнување во Македонија, предавањето на американски агенти кои го пренесуваат во Авганистан, по што е ослободен неколку месеци подоцна без објаснување во Албанија. Осум години по настанот, Ел Масри се уште нема добиено ниту извинување, ниту оштета од американските и македонските власти.

„Германската влада ја призна неговата невиност. На 6 декември 2005, германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со Кондолиза Рајс јавно изјави дека САД признале дека направиле грешка.“, нагласи Амрит Синг.

Таа посебно инсистираше дека македонските власти не спровеле ефикасна истрага за овај случај и покрај тужбите кои ги поднесе Ел Масри. Според неа, расплетот со случајот Ел Масри ќе биде на 16 мај годинава во Стразбур пред Европскиот суд за човекови права, пред кој на 20 јули 2009, тој, поддржан од „Опен Сосиети Жустис Иницијатив“ поднесе тужба против Македонија. Ел Масри ја смета Македонија како директно одговорна за времето кое го помина затворен меѓу 31 декември 2003 и 28 мај 2004 година. Затоа сите ја очекуваат пресудата на Ецвропскиот суд за човекови права.

Масри пречка за кандидатурата на Макединија во ЕУ

Во Советот на Европа на повеќе пати беше изразена „зачуденост зошто парламентот на Република Македонија не најде за потребно да отвори истрага за случајот со Ел Масри, со оглед на јасните резултати на другите истраги што биле водени за овај случај.“

„Според договорите ЕУ почива врз фундаменталните права меѓу кои спаѓаат и човековите права. Однесувањето на Македонија во случајот со Калед Ел Масри, во целост не се совпаѓа со нормите за човекови права кои се на сила во ЕУ и го поставува прашањето за приемот на Македонија во ЕУ. Затоа ЕП треба да го разгледа нејзиниот случај одблиску“ , нагласи Амрит Синг.

Khaled el Masri wurde von der CIA entführt
Калид ел МасриФотографија: AP

Но судејќи според репликата на полскиот европратеник Мирослав Пиотровски, кој потстеи на не многу убедливото сведочење на Калед Ел Масри пред ЕП во 2006, очигледно е дека и во ЕП не постои големо расположение да се оди подлабоко во истрагите. Бидејќи според признанието на другите европратеници, поделбата е и внатре во политичките групи на ЕП, бидејќи одговроноста во вмеашноста во нелегалните американски активности во европските земји е пирамидална во државите членки.

Обврска да се дознае вистината

„Ние имаме обврска и должност да ја дознаеме вистината. И се направи критичка анализа на средствата и методите искористени во наше име за да се брани нашето заедничка безбедност“, заклучи на крајот известувачката во ЕП Хелен Флотр.

Целта на извештајот кој таа го подготвува за расправа пред ЕП е да ЕУ објасни што навистина се случило, за да може да се гарантира дека во слични кризни ситуации нема да се повторат вакви тешки кршења на човековите права.