1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Случајот Ел Масри пред американски суд

13 мај 2006

Американски суд за првпат се занимава со случајот Ел Масри, германскиот државјанин кој наводно бил киднапиран од страна на американската тајна служба ЦИА.

https://p.dw.com/p/Ae1i
Калед ел Масри
Калед ел МасриФотографија: AP

Случајот со Германецот од либанско потекло Калед ел Масри со кој се занимава истражниот одбор за активностите на тајната служба при германскиот Бундестаг и одборот на Европскиот парламет за тајните летови на ЦИА во Европа, сега е тема и во американските судови. Имено американската граѓанска организација АКЛУ поднесе обвинение против поранешниот директор на ЦИА Џорџ Тенет, кој наводно го одобрил грабнувањето на Ел Масри во 2003 година во Македонија и е одговорен за тоа. Адвокатот на АКЛУ Бен Визнер „Ова сосема очигледно беше замена на личности. Кога на ЦИА и стана јасно дека го има погрешниот не се извинија кај Ел Масри, туку со врзани очи го седнале во авион, го вратиле во Европа и го оставиле во албанските планини.“

Во меѓувреме Ел Масри мораше да мине четири месеци во озлогласениот затвор „Салт Пит“ во Авганистан, каде според неговите изјави бил измачувам. Адвокатите на Ел Масри обвинуваат за надомест на штета и извинување поради одземање на слободата. Сосема воопштено се кажа дека е можно да дошло до замена на личности, но за поединечни случај сосема свесно нема конкретни изјави. Портер Грос, шефот на ЦИА, повеќепати побара од судството, да ги отфрла обвинувањата во случајот Ел Масри, бидејќи во случај на процес би морало да се зборува и за постапки релевантни за безбедноста.

Со овој изговор - сметаат заштитниците на граѓанските права – американската влада во моментов се обидува да се придржува до редица правни пракси кои се оспорувани, и кои веќе од поодамна се зрели за реформи. Кон ова припаѓа и праксата за префрлување на затвореници во трети држави и таму да се извшуваат сослушување надвор од државно правните котролни механизми.

За расветлување на аферата тајни затвори на ЦИА изминатава недела во Вашингтон престојуваше и делегација на Европскиот парламент, но тие не се задоволни од одговорите кои ги добија од американска страна.