1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смартлет - комбинација од мобилен телефон и таблет-компјутер

Даниејел Висевиќ/ Жана Ацеска12 септември 2012

На електробраншата и‘ оди добро, криза нема на повидок, растот продолжува. Фирмите се надеваат за голем бизнис со нова категорија мобилни апарати-т.н „смартлет“, комбинација на смартфон и таблет-компјутер.

https://p.dw.com/p/161Ty
Фотографија: picture alliance/dpa

Сите предности на смартфон и таблет сега обединети во еден производ-така производителите ги рекламираат своите смартлети. Вакви големи мобилни телефони би требало да се практични за на пат.

„Кога се возите во метро, на пример, и морате да се придржувате, не ви се слободни двете раце, тогаш смартлетот има голема предност, зашто ги имате содржините на поголем екран. Како кај книгите, не морате да вртите толку многу страници“, објаснува Кенет Хонг од ЛЏ Електроникс.

На саемот за електроника ИФА во Берлин својот смартлет 2 го претстави и Самсунг, првиот кој излезе пред една година, беше продаден во над 10 милиони примероци.

Со големината муштериите имаат различни искуства.

„Не е за во џеб, за ваков телефон ви треба друго решение, можеби некоја чантичка“, вели еден млад Хрват.

USA Samsung Galaxy S II Smartphone
Фотографија: Reuters

„Го ставам во мојата мала рачна чанта, во неа го собира без проблеми“, објаснува млада Мексиканка.

Можеби ваков голем мобилен телефон има мана: на него човек треба да се навикне, ако со него телефонирате. Ако ги замолите производителите да бидат искрени, признаваат уште една слба точка.

„Ако цврсто го држите в раце, тогаш не можете да ја користите целата површина на екранот со еден палец. Значи, не е перфектен за секого. Тоа е еден вид мобилен за користење со две раце. Не е произведен за да се служите само со една рака. Дури и ако сакате, не може, потребни ви се големи раце“, признава Кенет Хонг од ЛЏ Електроникс.

Уште поголеми мобилни телефони мнозинството луѓе не би можеле да држат в рака, границата е кај дијагонала на екранот од 14 сантиметри. Тоа го знаат и електронските концерни, смартлетите значи нема дополнително да растат.