1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смена на врвот

31 август 2009

По четвртото коло во Бундеслигата дојде до смена на врвот. Хамбургер со победата над Келн со 3 спрема 1 се искачи на челната позиција со десет бодови.

https://p.dw.com/p/JMAb
Фотографија: AP

Двојниот стрелец од Хамбургер Паоло Гереро изјави:

„Супер - за мене е важно дека тимот победи и тоа ме радува. Се разбира, убаво е кога напаѓач ќе постигне два гола“.

Тренерот Бруно Лабадиа направи биланс на постигнувањата во краткиот период откако го презема водењето на Хамбургер:

„Денес го имавме деветтиот настап во официјални натпреварувања. На национално и на меѓународно ниво ги продолжуваме натпреварите во куповите, а имавме и присотен старт во Бундеслигата. Оттука, во моментов можеме да бидеме задоволни, но ништо повеќе од тоа“.

Fußball Bundesliga - Hamburger SV gegen FC Köln
Од натпреварот Хамбургер-КелнФотографија: AP

На второ место, со ист број бодови, е Бајер Леверкузен, кој го освлада Бохум со 2 спрема 1.

„Во прилог на тимот зборува фактот дека успеавме да се вратиме по водството на противникот. Екипата покажа дека има безусловна волја за победа и тоа е најпозитивното што го гледам во денешниот натпревар“, прокоментира тренерот Јуп Хајнкес.

Со по седум бодови од третото до петтото место се Вердер Бремен, Шалке и Борусија Менхенгладбах.

Вердер како гостин ја совлада Херта во Берлин со 3 спрема 2.

„Во првото полувреме ја контролиравме топката, ја држевме во посед, но немавме завршница во акциите, како во вториот дел. Тоа беше решавачкиот момент“, оцени Томас Шаф, тренер на Вердер.

Шалке дома загуби од новиот лигаш Фрајбург со 1 спрема нула - тоа е изненадувањето на колото. Феликс Магат, тренер и менаџер на Шалке, изјави:

„Во второто полувреме бевме безопасни и безглави. Извршивме малку поголем притисок, но не бевме доволно пробојни и поради тоа заслужено загубивме“.

Енормен притисок врз Бајерн Минхен

Во фокусот на интересирањето во ова коло беше Бајерн Минхен. Три кола без победа, притисокот во Минхен стана енормно голем. Раководството повлече голем потег - за 24 милиони евра го донесе холандскиот репрезентативенц Арјен Робен од редовите на Реал Мадрид. Тој веќе на првиот настап се покажа како извонредно засилување. Заедно со Франк Рибери, кој конечно се појави во тимот, во второто полувреме извонредно го организираа нападот на Бајерн, и шампионот Волфсбург беше клекнат на колена со убедливите 3 спрема 0. Робен беше веднаш и двоен стрелец.

„За мене ова беше посебен ден. Но можев да си посакам повеќе“, рече Робен. Задоволен беше и тренерот Луј ван Гал.

„Многу сум радосен дека е тој сега фудбалер на Бајерн и ние во само 30 минути видовме што значи тоа за Бајерн“.Одеднаш сосем ново расположение и клај раководството на клубот.

Karl Heinz Rummenigge
Карл Хајнц РуменигеФотографија: picture alliance / Pressefoto Ulmer

„Од денеска за нас дефинитивно започнува Бундеслигата, сега ќе играме под полн гас и мислам дека за противниците веќе нема да биде толку едноставно да не победат, како во првите три натпревари“, изјави претседателот Карл-Ханјц Румениге.

Бајерн сега има пет бодови и е на осмото место.

Тешки мигови за Штутгарт

Штутгарт и натаму не може да фати чекор со сопствените постигнувања од претходното првенство - против Нирнберг дома остана на нерешено 0 спрема 0 - Гомес замина, реализацијата сега е проблем на тимот. Хофенхајм победи на гости во Хановер со 1 спрема 0, со многу среќа, како што констатира и тренерот Ралф Рангник, и со извонредно расположен голман. Патем, Рангник со победа го одбележа 200-от натпревар како тренер на екипи од Бундеслигата. Ајнтрахт останува непоразен, но мораше да се задоволи само со 1 спрема 1 дома во Фрабнкфурт против Борусија Дортмунд, и покрај доминацијата и создадените шанси. Борусија Менхенгладбах сигурна пред своите гледачи и со два гола во мрежата го испрати гостинот Мајнц. Келн и со „принц Полди“, повратникот Лукас Подолски, и натаму без победа, на последното место со само еден бод и тежок распоред во наредните неколку кола.

Автор: Зоран Јордановски/дпа/дв

Редактор: Жана Ацеска