1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртна казна за конвертираниот христијанин

22 март 2006

Авганистанската влада ја отфрли острата критика од Германија поради процесот против Абдул Раман,кој конвертираше во христијанство.

https://p.dw.com/p/Ae2y
Раман:се замери со уставот и исламот
Раман:се замери со уставот и исламотФотографија: AP

Реакцијата на германските политичари е претерана,ако тие индиректно се закануваат со повлекување на Бундесверот од Авганистан,тоа би граничело со некој вид притисок,изјави авганистанскиот министер за стопанство.На 40 годишниот Раман му се заканува смртна казна поради неговото истапување од исламот и преминот кон христијансто на процесот пред судот во Кабул.

Абдул Раман е пријавен од неговото сопствено семејство,очигледно во спорот околу старателствот околу неговите две деца.Кога тој на почетокот на февруари беше уапсен во Кабул,кај него беше најдена библија.Раман пред судот призна дека верува во Исус.Тој на почетокот на 90-те години работел за христијанска хуманитарна организација во Пакистан и згрижувал авганистански бегалци за време на граѓанската војна.Муслиманот преминал во христијанство,повеќе години живеел во Германија пред минатата година да се врати во Авганистан.

Сега се наоѓа пред судот.Според експертите,ова е прв ваков случај од крајот на радикално талибанскиот режим пред четирипол години.Државниот обвинител побара смртна казна според исламското право.Тоа исклучува конвертирање.Авганистанскиот устав навистина предвидува слобода на религијата,но исламот е државна религија и се наметнува над законот.Во уставниот текст од пред две години стои:Ниеден закон не смее да противречи на светата вера -исламот.

Процесот против Раман ќе трае веројатно три месеци,судот го повика да се врати во муслиманската религија за да избгне казна.Но,Раман се противи,што би му донесло смртна пресуда.

Тој може да поднесе жалба до Врховниот суд.Но и неговите судии имаат положено заклетва да ги штитат законите и уставот на Авганистан,како и одредбите на светста религија исламот.На крајот како инстанца е претседателот Карзаи,кој мора да ја потпише секоја смртна казна.

Либералниот претседател е поддржуван од западот,а сега е под негов притисок, од неговиот кабинет велат дека тој не се меша во случајот.