1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СМС - порака која го промени светот

Јерг Брунсман/Б. Георгиевски3 декември 2012

Беше тоа голема иновација на почетокот на 90-те години. За многу кратко време, СМС-пораките го освоија целиот свет. Испраќањето кратки пораки преку мобилен телефон се претвори во вистинска манија, особено меѓу младите.

https://p.dw.com/p/16ulX
Фотографија: picture-alliance/dpa

Уште во текот на 80-те години се роди идејата за испраќање кратки пораки. Постоеше потреба за нешто што претставува наследник на разгледниците и телекс-пораките. Преку проучувањето на нивната историја се дојде до сознание дека должината на испратените пораки ретко преминува 160 карактери. Експертите беа убедени дека тоа ќе биде доволно и во комуникацијата со мобилните телефони, па оттука и „фамозното“ ограничување на 160 знаци.

Само во текот на минатата година во Германија биле испратени 46 милијарди СМС-пораки. Во просек секој Германец дневно испраќа барем по две кратки пораки. Содржината на пораките е разновидна, од информативна - „доцнам“, преку „списоци за купување“ до изјави на љубов.

Популарноста на СМС-пораките никој не можеше да ја предвиди. Првата кратка порака во светот е испратена на 3 декември 1992 година, во време кога мобилните телефони заживуваа, а нивната цена, барем во Германија, надминуваше 1.500 евра за апарат. За волја на вистината, првите модели не можеа ниту да испраќаат ниту да примаат СМС-пораки. Впрочем првата кратка порака и не беше испратена преку мобилен телефон, туку преку компјутер. Текстот на таа порака гласеше „Среќен Божик“, а си ја испратил самиот на себе еден британски техничар од компанијата Водафон. Рафаела Мел од редакцијата на интернет-порталот „Телтариф“ се потсетува на тие времиња:

20 Jahre SMS
Политичарите и СМС-поракитеФотографија: dapd

„Заживеа сосема спонтано. Со време се роди идејата да им се понуди на корисниците услугата за испраќање на кратки пораки. Затоа на почетокот испраќањето СМС пораки беше бесплатно“.

Нови апликации

Тоа многу брзо се промени. Денес, испраќањето кратки пораки се плаќа меѓу 4 и 10 евроценти. Вносен бизнис за провајдерите на мобилни услуги. Прашање е меѓутоа, колку сето тоа ќе трае? Новите модели на мобилни телефони денес нудат далеку повеќе можности. За „паметните телефони“ постојат разни апликации кои овозможуваат бесплатно испраќање на кратки пораки.

„СМС-пораките го достигнаа зенитот и сега се заменети со интернет услуги. Операторите реагираа така што на корисниците им понудија пакети во кои по значително пониска цена можат да испраќаат пораки. Прометот и натаму е на високо ниво, но бројот на СМС-пораки се намалува“, вели Урс Мансман од списанието „сТ“.

Frauen mit Handys
Фотографија: Picture-Factory/Fotolia

Во меѓувреме се повеќе се користат апликации како „WhatsApp“. Еднаш ќе платите 89 центи и можете неограничено да испраќате не само пораки, туку и фотографии, аудио и видео записи. Проблемот е единствено во тоа што и примачот мора да ја има инсталирано апликацијата.