1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сноуден: НСА врши и стопанска шпионажа

ЖА/дв/дпа/отс26 јануари 2014

Бившиот соработник на НСА, Едвард Сноуден во своето прво телевизиско интервју, дадено за Норддојче рундфунк, а емитувано на германската телевизија АРД, изнесува нови обвинувања. Тој тврди: Пентагон сака да ме убие.

https://p.dw.com/p/1AxQ2
Edward Snowden
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Поранешниот соработник на американската тајна служба НСА, Националната агенција за безбедност, во своето прво телевизиско интервју вели дека е убеден: НСА врши и економска шпионажа. Во разговор за Норддојче рундфунк, кој ќе биде емитуван вечерва на Првата програма на германската јавна радиотелевизија АРД,(26.01.2014) Сноуден вели:

„Ако на пример кај Сименс постојат информаици кои се корисни за националните интереси на САД, но немаат врска со националната безбедност, тие сепак ги собираат тие информации“.

Сноуден меѓутоа истакнува дека тој самиот веќе не го поседува доверливиот материјал кој го собрал за време на работењето во тајната служба. Информациите им ги предал на избрани новинари, а индиректно најавноста, а тој лично повеќе нема влијание врз можното објавување на матреијалот.

Како вработен во советодавната фирма Буз Ален Хамилтон која работела за НСА, Сноуден добил пристап до доверливи информации за шпионските активности на тајната служба. На крајот на мај 2013. година Сноуден со тајните документи се засолни во Хонг Конг, од каде почнува да им предава на медиумите за објавување документи за систематското надгледување на електронските комуникации од страна на НСА, прислушувањето на телефоните и контролата над интернетот. Откритијата предизвикаа огорченост во целиот свет. Американските правосудни органи издадо меѓународна потерница по Сноуден, по што тојј пребега во Русија, каде во август му беше одобрена една година азил. За Сноуден враќање во САД е исклучено, поради сомневањето во фер-судењето кое таму би го добил. Американскиот министер за правда Ерик Холдер потврди дека не доаѓа во предвид помилување на комјутерскиот специјалист кој е во бегство во Русија.

Во интервјуто за АРД Сноуден зборува и за заканите против неговиот живот.

„Владини претставници сакаат да ме убијат“, тврди Сноуден во разговорот, како доказ наведувајќи статија од интернет-платформата "buzzfeed". Соработници на Пентагон и на НСА на репортерите им изјавиле дека сакаат да го убијат Сноуден.

„Овие луѓе, кои се владини службеници, изјавиле дека радо би ми испукале куршум в глава на излегување од супермаркет или би ме отруле, а потоа би ме гледале како умирам под туш“.