1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собир на Шапка

Свето Тоевски14 март 2007

Деновиве се навршуваат шест години од почетокот на воените турбуленции во Македонија. Во тетовско Селце денеска се одржа собир на припадници на расформираната ОНА.

https://p.dw.com/p/AdYs
Тетово
ТетовоФотографија: AP

Во тетовскотo село Селца на падините на Шара, со собир на поранешните припадници на расформираната ОНА се одбележува шестата годишнина од почетокот на воениот конфликт. Овој настан се одржува за првпат во отсуство на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој денеска се наоаѓа во Велика Британија, заедно со другите членови на интегративците.

На оваа манифестација на поранешната ОНА не можат да се забележат одредени претставници на радикалното косовско движење „Самоопределување“ . Не ги поканивме рече Фазли Велију, пратеник на ДУИ и идеологот на ОНА од 2001 година. За ова случување на падините на Шара вели дека нема политички белези оти од него се упатува само барање државата да обезбеди пензии за борците на ОНА и институционално регулирање на другите нивни права, а до меѓуанродната заедница, порака дека Косово според нив мора да добие независност.

Фазли Велију за поранешната ОНА пак рече „ОНА го претставуваше отпорот против полициските и воени сили со цел да се заштити локалното население кое беше изложено на опасност.“

Паѓа во очи дека колку повеќе изминува времето, толку поскромни стануваат ваквите собири. Но во очите на обичните луѓе кои сега сите се свртени кон тоа како да се надмине немаштијата, како да бледнее 2001 година. Само меѓу аналитичарите се разговруваат полемиките што се случи тогаш.

Дел од главните политички репрезенти на Албанците во Македонија како на пример заменикот претседател на ДПА Мендух Тачи велат„Беше непотребен Охридскиот договор, поготово непотребен конфликтот од 2001 година.“

Собирот на воените ветерани на ОНА во Селце, местото каде што пред шест години се наоѓаше нејзниот Генералштаб изминувба мирно. Сега доминантна тема се семејствата на загинатите припадници на ОНА од пред шест години и нивните права со очекување државата и институционално да ги реши нивните права преку донесување соодветен закон.