1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собрание:отчет на Груевски за договорот со Ахмети

Александар Чомовски23 јули 2007

Премиерот категоричен дека уставот не дозволува албанскиот јазик да биде офиоцијален на цела територија на земјата

https://p.dw.com/p/BLHX
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Владата да подготви акционен план за евроатланските законодавни приоритети,Парламентот наредната недела да го усвои,а секој понеделник премиерот јавно да се очитува што од тоа е реализирано,за политичкиот амбиент во Македонија тоа е очигледно премногу амбициозно,но сепак ваков заклучок сугерира професорот Ѓорѓи Оровчанец,пратеник,кој ја иницираше вонредната парламентарна седница во чиј фокус ќе биде мајскиот договор меѓу премиерот Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Со други зборови,Европа од нас бара политички договор.Во недостог и немање вистински политички дијалог особено во изминативе десет месеци,имавме изобилие од речиси секојдневно дијалог на самите со себе,рововски дијалог,дијалози на уцени и закани,уличен дијалог,дијалог на скарани комшии,изјави пратеникот Оровчанец.Тој му даде шанса на премиерот да ја демистифицира таинственоста или антидржавниот заговор во договорот со ДУИ.Откако пред една година одби да ја вклучи во владата,Груевски во изминативе шест месеци е во постојан дијалог со опозицијата од албанскиот електорат,што сериозно му ги дестабилизира односите со владеачката ДПА и лидерот Мендух Тачи кој денеска е отсутен од Парламентот.Иако на старот од иницијативата тактизираше,Груевски пред една недела и самиот се приклучи кон идејата за вонредно парламентарно заседание:

„Нема потпишан договор,нема таен договор,нема анекс на Охридскиот договор,нема нов Охридски договор,нема нетранспарентен договор,затоа што ова што сега го кажав,го кажав два дена по завршувањето на разговорите кои завршија на 29 мај,два дена подоцна имаше седница за пратенички прашања,“рече Груевски.

Тој уште еднаш изнесе став дека нема договор за официјализирање на албанскиот јазик,за социјалните права на екс припадниците на ОНА,како и за избор на идната влада според етнички клуч.Премиерот и овојпат не ја пропушти шансата да го прозива ДУИ да одговори дали договорил официјализирање на албаснкиот како паралелен државен јазик и со кого од претходната влада на СДСМ.

„Има фундаментални разлики затоа што меѓу другото се бараше како што споменав,за која како што реков е спротивна на уставот на Македонија,спротивна на Охридскиот договор, таа не се бара во него и дека тоа е неприфатливо за нас.Она што би можело да се прифати е да подготвиме еден закон за употреба на јазиците,бидејќи во моментов речиси се што е во согласност со уставот,а поврзано со употребата на јазиците,е внесено во законите“,рече Груевски.

Се очекува првпат во Парламентот да проговори и челникот на ДУИ Али Ахмети и да се чуе неговата верзија за мајската спогодба со Груевски.Сепак,премиерот влезе во денешната дебата порелаксиран,откако синоќа амбасадорите на ЕУ и на САД во Скопје,Ерван Фуере и Џилиен Миловановиќ, ги собраа лидерите на четирите најголеми политички партии.За првпат во лидерскиот квартет се појави и претседателот Бранко Црвенковски,со кого владата одбегнува да кохабитира.Премиерот Груевски и синоќа ја одбегна средбата со Црвенковски,а на вечерата кај Фуере и денеска во Парламентот ја нема и претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.