1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Собраниска дебата за интерпелацијата на Георгиевски

31 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BaAV

Македонските пратеници денеска расправаат за интерпелацијата на претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, поднесена од пратеничката група на Либерално-демократската партија. Во дебатата, опозицијата меѓу другото го обвини Георгиевски за неспособност да раководи со собранието и кршење на деловникот и Уставот. Позицијата смета денешната седница е непотребна и служи само за дневно политички цели на опозицијата. Барањето за интерпелација беше поднесено на 10 август со образложение дека Георгиевски го претворил парламентот во извор на перманентна политичка криза. Според деловникот, за да биде прифатена интерпелацијата поднесена од ЛДП, потребна е поддршка од најмалку 61 пратеник.