1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Совет за безбедност го осуди убиството на пратеникот во Либан

21 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bi9A

Повеќе илјади луѓе денеска во Бејрут присуствуваа на погребот на парламентрецот Антоан Ганеа, кој беше убиен во средата. Во нападот животот го загубија уште шест лица. - Советот за безбедност на ОН го осуди најновиот убиствен напад врз парламентарец со атни сириски ставови во Либан. Истовремено највисокото тело на ОН се изјасни против обидите за дестабилизација на земјата. Во вторник наредната недела во Либан почнува рокот од два мееца, во кои парламентот треба да избере наследник на просириски ориентираниот претседател Емил Лахуд.