1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Совет за безбедност за Косово

10 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag5W

Советот за безбедност на ОН денеска ќе ги разгледа резултатите од посетата на специјалната мисија на Косово и Белград спроведена во рамките на планот на Марти Ахтисари. На состанокот Русија има намера да ги претстави своите предлози со кои се предвидува продолжување на дијалогот.

Инаку албанскиот премиер Сали Бериша, по средбата со премиерот на Косово Агим Чеку синоќа во Тирана изјави дека незавиноста на Косово е неопходен услов за стабилност во регионот. Чеку од своја страна очекува нова резолуција на Советот за безбедност и брзо определување на конечниот статус.