1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Совет за безбедност-Мијанмар

12 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BqDU

Специјалниот претставник на ОН Ибрахим Габари наредната недела ќе замине во посета на Мијанмар. Неговата задача е да го следи процесот на национално помирување меѓу военото раководство и опозицијата, што беше договорено за време на неговата прва посета на оваа земја. Русија и Кина синоќа во советот за безбедност спречија донесување на заострени мерки против властите во Мијанмар. Усвоена е само заедничка декларација со која се осудува бруталното задушување на демократските протести. Во текстот се повикува воениот режим да ги ослободи политичките затвореници и учесниците во протестите.