1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Совет за безбедност расправа за Косово

28 мај 2005

Советот за безбедност на ОН синоќа расправаше за состојбата на Косово по извештајот на генералниот секретар на ОН Кофи Анан во кој стои дека покраината сеуште целосно не исполнила ниту еден стандард, како клучен услов за почеток на разговорите

https://p.dw.com/p/AcFD
Совет за безбедност на ОН
Совет за безбедност на ОНФотографија: AP

„И јас ја поздравувам одлуката после шест години напорна работа да се преиспита докаде стигнавме на Косово. Затоа е и добро што Советот за безбедност го поддржа предлогот на генералниот секртетар Кофи Анан, уште ова лето да се ревалоризираат стандардите. Судбината на Косово е во рацете на граѓаните на Косово.“ Рече во Њујорк Сорен Јесен Петерсен шефот на УНМИК.

Петерсен по седницата на Советот за безбедност за радио Дојче Веле изјави оти тоа не значи дека одлуката за статусот на Косово е веќе донесена туку дека тој:

„Ќе продолжам секој ден да работам со косовските лидери на што поголемо остварување на стандардите кои во прв ред значат и заштита на човековите права, конкретно малцинствата а тоа се косовските Срби од страна на косовските Албанци“

Во истиот стил Петерсен зборуваше во Советот за безбедност каде ја пофали старата и новата косовоска влада при што рече дека тие знаат што треба да работат за да се оствари горе прокламираната цел. Интересно е дека извештајот на Патерсен целосно е поддржан од страна на Советот за безбедност вклучувајќи ја и Русија и Кина.

Но вака не мислеше Небојша Човиќ, кој излагањето на Петерсен во Њујорк за нашата програма го прокоментира:

„Се разбира нашите ставови во однос на УНМИК во голема мера се разликуваат. Имено според се она што имавме прилика да го чуеме излегува дека Косово фактички е земја на благосостојба. Само се чека економскиот бум за на Косово се да се стабилизира. За жал ситуацијата не е таква имаме многу сложен проблем. Ние ја поддржуваме ревизијата на стандардите за Косово кои ги предложи генералниот секретар на ОН но без прејудицирање на каков било статус на Косово.“

Кратко пред тоа шефот на координационото тело на владата на Србија и Црна Гора за Косово, Човиќ во Советот за безбедност јавно му се спортивстави на шефот на УНМИК Петерсен. Тој негодуваше на повторента критика на Петерсен дека одредени кругови во Белград го блокираат вклучувањето на косовоските Серби во тамошните демократски институции. Според Човиќ косовските Срби ќе се вклучат во демокраските текови на Косово само ако тоа остане дел од Србија

„Независно Косово е неодржива форма, такво Косово нема да биде ниту демократско, а најмалку мултиетничко. Ако некому тоа му е цел, може и да се обиде но со тоа целосно ќе се дестаблизира целиот регион и стравувам дека ќе не врати во некои опасни веќе видени времиња.“

Сепка впечаток е дека нема веќе враќање на тие времиња. За тоа е доказ и синоќешниот консензус во Советот за безбедност.

Сорен Јесен Петерсен во име на генералниот секретар на ОН додаде:

„ И натаму сметам на косовските Срби и на Белград да постанат дел од тој процес тоа е многу важно.“