1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СОВЕТ НА МИНИСТРИ НА ЕУ

17 мај 2004

Денеска советот на министри го престави годишниот извештај за процесот на стабилизација и асоцијација во состав од 25 членки

https://p.dw.com/p/AcNb
Брисел
БриселФотографија: AP

Нагласувајќи ја подготвеноста на земјите од таканаречениот западен Балкан да продолжат по патот кон приближување на ЕУ. Годишниот извештај, освен Македонија, ги опфаќа Албанија, БиХ, како и СиЦГ вклучувајќи го и Косово дефинирано согласно резолуцијата 1244 на Советот за безбедност. Што се однесува до Хрватска, комисијата во својот годишен извештај за спогодбата за стабилизација и асоцијација го вклучи своето мислење за барањето за членство за кое советот ќе одлучува на јунскиот самит.

Отука и во денешните заклучоци Хрватска се споменува само во една реченица која гласи, советот го прими на знаење мислењето на Европската комисија за хрватското барање за членство, за кое европскиот совет ќе одлучува на самитот во јуни. Министерскиот совет ги преиспита состојбите и инструментите, а кон тоа се додава и европското партнерство, кое заживеа со одлуката од 22 Март оваа година. Европското партнерство се темели на достигнувањата од извештајот за земјите од регионот, кој се применува индивидуално и користи како попис на мерки, скроени согласно потребите на секоја земја поединечно, со кој ќе се мери напредувањето, идентификуваат приоритетите, и поттикнување на напорите за забрзување на процесите и евентуалното членство во ЕУ.

Денес е одржан и првиот круг продолжение на расправата за уставот. Министрите за надворешни работи го обработија начинот на работа на министерскиот совет, како и финансиските прашања, додека утре ќе ги превземат начините на одлучување вклучувајќи ги и односите при двојното одлучување.

Министрите по првиот круг не се премногу оптимисти, напротив, сметаат дека е направен чекор назад, а мнозинството министри ги вознемири британскиот колега со тврдиот став, дека за содржината на повелбата за граѓанските права нема место како друго поглавје од европскиот устав. Станува збор за пет години стар необврзувачки документ, со кој се гарантираат правата за должината на работа или минималната плата.

Ирското претседателство, последниве денови продуцираше повеќе предлози, министрите се соочија со три модела на начини за колективно водење на унијата. Ирците понудија три опции за варијанта на тема двојно мнозинство. Интересно е да се пратат начините како овие формули се толкуваат низ превезот на националните интереси, имено секоја членка главно смета дека е доведена во незгодна состојба и дека и се загрозени интересите. Особено големи проблеми имаат министрите на новите земји членки кои не излегуваат на крај со математиките околу доста сложениот начин на сметање на тежината на гласовите.