1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солана задоволен од напредокот на Македонија

12 август 2006

Високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана го пофали прогресот на Македонија кон демократска и мултиетничка земја.

https://p.dw.com/p/Adco
Хавиер Солана
Хавиер СоланаФотографија: AP

Солана во писмото по повод петгодишнината од Рамковниот договор, оценува дека духот на компромис и соработка меѓу различните политички партии ја осигурал имплементацијата на договорот. Солана побара усвоените закони да се применат во пракса , особено во области како децентрализација и рамнправна застапеност. Продолжувањето на охридскиот процес ќе и помогне на земјата да се приближи до ЕУ,смета Солана. Последниве пет години покажаа дека има капацитет кај луѓето да се надминат разликите и да се работи кон заедничка европска иднина и отворен политички дијалог. Истиот дух е потребен за земјата успешно да го заврши патувањето до ЕУ, пишува евродипломатот.