1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солана – Косово

15 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag49

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана вчера во Брисел изјави дека за одржливо решение за Косово е нужна резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тој порача дека Европската унија посакува наскоро да се донесе одржлива формула за косовското прашање бидејќи многу вложи на Балканот, како економски, така и политички. Солана дополни дека УНМИК ќе остане на Косово во целосна функција се додека резолуцијата 1244 не биде заменета со нова која мора да даде јасен мандат за идното меѓународно присуство во покраината.