1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солана: “Не е момент да се зборува за датуми“

Валентин Николовски14 септември 2006

Финализирање на Раковниот договор, продолжување на реформите, пред се во сузбивањето на корупцијата и економски развој – се плановите на новата влада, кои премиерот Никола Груевски му ги претстави на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, за кого Македонија има важно место бидејќи и “посветил многу часови од неговиот живот“.

https://p.dw.com/p/AdcN
Хавиер Солана
Хавиер СоланаФотографија: AP

И на оваа средба, премиерот Груевски ги искажал очекувањата за датум за преговори за членство, идната година:

“Веруваме дека ќе направиме напредок за добивањето датум за почеток на преговорите и еден ден да станеме членка на ЕУ“, рече Груевски.

Но, високиот претставник на унијата се воздржува од спомнување датуми:

“Мислам дека сега не е момент да се зборува за определени датуми. ЕУ има свои приоритети. Светот се менува многу брзо. Да се одреди конкретен датум за конкретен настан, мислам дека е многу рано да се каже. Но, во секој случај, нашата позиција е позицијата што ја имаме за сите земји од Западен Балкан. Тоа е политика на отвореност – сите земји да станат членки на ЕУ. Вашата земја, во последно време, се движи многу брзо “, изјави Солана.

Според него, премиерот Груевски точно знае што треба да се направи за остварување на европските перспективи. Во таа насока, една од незавршените обврски е и законот за полиција, за кој Груевски изјави дека не е потребно Бадинтеровото мнозинство:

„Според сите експерти во Македонија, за оовој закон не е неопходно т.н. Бадинтерово мнозинство. Но, ние ќе се обидеме, иако тоа не е неопходно, да ги придобиеме опозиционите партии да го поддржат овој закон, бидејќи тој е важен за интеграциите во ЕУ. Законот е направен според европските стандарди. Тој ја помина првата фаза во времето на претходната влада. Оттаму мислам дека ќе имаме поддршка од доволен број пратеници на опозицијата и кои се важни за Бадинтеровото мнозинство. “

Премиерот Груевски се сретна и со претседателот на Европскиот парламент, Жозеп Барел. Барел е задоволен што Груевски има силна заложба за реформи, а посебно за справување со корупцијата.