1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солана сака преговори за Косово со посредство на Контакт групата

18 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BJKF

Високиот преставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Хавиер Солана изјави дека преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот Косово може да бидат организирани од страна на контакт групата, доколку во советот за безбедност на ОН не биде донесено решение. Ваквата идеја Солана му ја пренел на специјалниот преставник на ОН Марти Ахтисари со кого синоќа разговараше во Брисел:

„ Разговарав со Ахтисари и ја слушнав неговата проценка за ситуацијата. Значи, нема ништо ново, никакви драматични промени околу состојбата икај двете страни. Она што го работиме со цел повторно да бидат покренати преговорите на одрдено време, не значи процес со отворен крај, туку процес во ограничен временски рок. Се надевам дека тоа ќе се одвива добро„ изјави Солана

Инаку синоќа во советот за безбедност САД, Британија, Франција, Германија, Белгија и Италија претставија нова предлог резолуција за иднината на Косово. Текстот, содржи мали измени во однос на резолуцијата која предвидува дополнителни преговори, која Русиај ја одби со образложение дека прејудицира конечно решение независност.