1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Солидарноста не е еднонасочна улица“

5 септември 2011

По средбата со ресорниот колега од Македонија, Никола Попоски во Берлин, шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле се осврна на спорот на Македонија со Грција околу името.

https://p.dw.com/p/12TRA
Првиот дипломат на Германија, Гидо ВестервелеФотографија: dapd

„Сите земји од Западниот Балкан имаат европска перспектива. На агендата на Македонија на врвот е решавањето на спорот околу името со Грција, а по изборите останаа и домашните задачи во сферата на судството, правната сигурност на инвеститорите, борбата против корупцијата и организираниот криминал“, истакна шефот на германската дипломатрија Гидо Вестервеле по средбата со македонскиот колега, Никола Попоски.

Nikola Poposki Außenminister Mazedonien
Новиот македонски министер за надворешни работи, Никола ПопоскиФотографија: Petr Stojanovski

Првиот македонски дипломат, кој Берлин го посетува како прва дестинација по доаѓањето на функцијата, истакна дека Македонија е целосно посветена на надминувањето на сите предизвици и е пример за позитивен дух и импулс во регионот.

На прашањето на ДВ до кога може спорот околу името да се толерира и влече, домаќинот Вестервеле одговори дека во светлината на финансиските проблеми, Грција треба да разбере дека солидарноста не е еднонасочна улица. Тој исто така посочи дека постигнувањето решение за името е од интерес и на Европа и на Македонија.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Горан Чутаноски