1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Солидно второ полувреме

3 јуни 2007

Германија со вчерашниот триумф против Сан Марино од 6:0, ја презеде лидерската поззиција во групата „Д„ во квалификациите за ЕП во 2008 година

https://p.dw.com/p/Anyz
Марио Гомез
Марио ГомезФотографија: AP

Избраниците на селекторот Јоахим Лев, на натпреварот во Нирнберг дури во финишот на првото полувреме преку Кевин Курањи обезбедија предност. Разликата во квалитетот дојде до израз во вториот дел кога германците постигнаа уште пет голови.

“ Едноставно сакавме премногу. Не одигравме онака добро како во последните натпревари. Играчите на Сан Марино само се бранеа и сакаа да не примат гол и тоа беше тешко за нас. Но мислам дека во второто полувреме одигравме добро“ изјави по натпреварот Торстен Фрингс

Македонската репрезентација со вчерашниот пораз од Израел со 2:1 ја продолжи неуспешната серија настапи на домашен терен каде три години нема извојувано победа.