1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сомневања околу смртта на синот на Гадафи

2 мај 2011

Властите во Триполи тврдат дека Саиф ал Араб е убиен во напад на НАТО. Алијансата го потврди нападот, но не и смртта на синот на диктаторот. Сомневањата околу тврдењата на владата стануваат се` погласни.

https://p.dw.com/p/117eo
Куќата во која наводно загинал СаифФотографија: picture-alliance/dpa

„Нивната крв не е залудно пролеана“, извикуваат жените. Приврзаници на Гадафи протестираат пред целосно уништена вила во Триполи. Саиф ал Араб и тројца внуци на либискиот диктатор наводно се убиени на тоа место. Владата тврди дека и самиот Гадафи се наоѓал во објектот, но го преживеал воздушниот напад на НАТО.

„Нападот имаше за конкретна цел да го убие лидерот на нашата земја. Тоа се коси со меѓународните прописи“, вели портпаролот на либиската влада, Муса Ибрахим.

Меѓутоа, и покрај тоа што дури и бискупот на католичката црква во Триполи го прогласи Саиф ал Араб за мртов, набљудувачите сепак се сомневаат во информациите од либиските владини претставници.

Пропаганда на властите?

Tripolis NATO Luftangriff Gaddafi
Протести по нападот на НАТОФотографија: picture-alliance/dpa

НАТО потвтрди дека е извршен воздушен напад врз контролна и командна база во еден од квартовите на либискиот главен град, меѓутоа не можеше да ја потврди смртта на членови од семејството Гадафи. Сомневања изрази и опозицијата во Бенгази. По првичната еуфорија, и тие се` повеќе веруваат дека станува збор за пропаганда на властите, бидејќи веста била објавена од државната либиска телевизија.

И британскиот премиер, Дејвид Камерон, нагласува дека станува збор за „непотврдени извештаи“, кои не сака да ги коментира. Во изјава за БиБиСи, Камерон додава дека мисијата на НАТО во Либија целосно се придржува до мандатот што и` го додели Советот за безбедност на ОН:

„Целта се командни и контролни центри, а не одделни личности. НАТО строго се придржува до тоа“, потенцира Камерон.

Приврзаниците на Гадафи, пак, веќе одговорија на најновиот напад на сопствен начин: амбасадите на Велика Британија и Италија во Триполи веќе се согорени до темел.

Автор: Силке Хорндаш/дпа/Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска