1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сомро пложи заклетва на функцијата

16 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CI0d

Новиот шеф на пакистанската преодна влада Мохамадмиан Сомро денеска положи заклетва на функцијата. Поранешниот претседател на сенатот, кој ќе раководи со владата до изборите на 9 јануари важи за човек од доверба на претседателот Первез Мушараф. Лидерот на опозицијата Беназир Буто, која утринава беше ослободена од куќен притвор, отфрли контакти со новата влада во услови на вонредна состојба. Сеуште е нејасно дали Мушараф ќе донесе одлука за укинување на вонредната состојба во земјата.