1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

070710 Halbfinale Deutschland Spanien

8 јули 2010

Младата фудбалска репрезентација на Германија му потклекна на притисокот на посилниот тим на европскиот првак - Шпанија и во полуфиналето на ФИФА-СП загуби со 1 спрема 0.

https://p.dw.com/p/ODmQ
Фотографија: AP

Германските фудбалери синоќа (07.07.2010) не успеаја да дојдат до полетната игра полна со брзи, добри комбинации, каква што покажаа на натпреварите со Англија и Аргентина. Шпанската репрезентација, преку технички искусните играчи, сигурно ја држеше топката во „свои нозе“ и постојано го потиснуваше германскиот тим во дефанзива. Слично на претходните натпревари, притисокот вроди со плод со еден гол во 73 минута, што на крајот во таквата констелација на сили на теренот беше и доволно за победа.

Südafrika WM 2010 Fußball Deutschland Joachim Löw Pressekonferenz
Јоахим Лев со комплименти за ШпанцитеФотографија: AP

Одбранбениот играч на Германците, Марсел Јансен по натпреварот изјави:

„Тие играат со целата екипа напред, а исто така сите се враќаат назад. Секогаш добро ја покриваат секоја позиција и сигурни се кога ја имаат топката!“

Селекторот Јоаким Лев, пак, оцени:

„Комплимент за Шпанците. Тие се најдобри во последниве две години и мислам дека ќе победат и на Светското првенство. Тие се толку добри што ни‘ покажаа каде се нашите граници.“

Вија: Едноставно сме среќни

Најдобриот стрелец на Шпанците, Давид Вија, по натпреварот покажа колкава е среќата поради победата над незгодниот противник Германија:

David Villa
Давид Вија: Ова беше нашиот најдобро одигран натпревар до сегаФотографија: AP

„Многу сме среќни. Мислам дека ова беше нашиот најдобро одигран натпревар до сега. Тоа беше силен натпревар против силен противник. Можевме да постигнеме и повеќе голови, но сега сме едноставно среќни што стигнавме до финалето на Светското првенство, првпат во историјата...“

И за противникот на Шпанија, селекцијата на Холандија, ова ќе биде прв пат да игра во финалето на едно Светско првенство. Тимот на Германија, пак, в сабота ќе се сретне со Уругвај во битката за третото место.

Штета...

Навивачите во Германија со тага одреагираа на поразот на нивните миленици и на скршениот сон за титулата. Еве дел од нивните оценки:

Flash-Galerie Fußball WM 2010 Südafrika Halbfinale Deutschland Spanien
Навивачите се тажним но горди на германскиот тимФотографија: AP

„Добро играа, ама на крајот не беше доволно.“

„Шпанците навистина добро играа. Само една мала грешка направивме и тоа беше доволно...“

„Штета за Германија, ама тоа сега не може да се смени...“

„Германците играа многу добро.“

„Требаше ние да победиме. Шпанците имаа среќа, мала разлика. Имавме и ние шанси, еден гол, една мала грешка и тоа беше крај.“

„Не ми е убаво. Ќе беше подобро да победевме...“

Автор: Андреас Цимонс / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска