1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

240909 Sicherheitsrat Atom

25 септември 2009

Советот за безбедност на ОН едногласно донесе резолуција со која се повикува на поголеми напори во борбата против ширењето на нуклеарното оружје и против нуклеарниот тероризам и со која се повикува на разоружување.

https://p.dw.com/p/JoX2
Советот за безбедност на ОНФотографија: AP

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави: „Ова е историски момент, момент кој овозможува нов почеток на нова иднина.“

„15 гласови ’за’. Предлог-резолуцијата е донесена едногласно како резолуција 1887 од 2009 година.“

Американскиот претседател Барак Обама ја водеше седницата на Советот за безбедност на ОН која беше двапати историска: петти пат од основањето на ОН на нејзе учествуваа шефови на држави и влади и таа првпат се одржа под раководство на еден американски претседател.

„Соочени сме со ширење на нукеларно оружје во обем и комплексност кои бараат нови стратегии и мерки. Историската резолуција што ја донесовме ја документира нашата обврска да работиме на свет без атомско оружје.“

Резолуцијата, меѓу другото, предвидува запирање на производството на материјали од кои е можно да се произведе атомско оружје. САД, во април наредната година, ќе бидат домаќин на конференција посветена на оваа тема. Освен тоа, САД бараат зајакнување на Договорот за неширење нуклеарно оружје, донесен пред околу четири децении. Него треба да го потпишат и земји како Израел, Пакистан и Индија. Веќе не треба да се финансираат програми за нукеларно вооружување, а програмите за цивилно користење на атомската енергија не смеат да се користат за производство на нуклеарно оружје.

UN Vollversammlung in New York eröffnet
Фотографија: AP

Зајакнување на Советот за безбедност

Обама нагласи дека Советот за безбедност, како тело, мора да се зајакне, зашто тој треба да се погрижи за тоа ваквите заклучоци да се спроведуваат и почитуваат. Сепак, се укажува на тоа дека резолуцијата, во правен поглед, за земјите не е обврзувачка се‘ додека Советот за безбедност не им даде дополнителни услови, како на пример околу извозот на нукеларно оружје.

Францускиот претседател Никола Саркози го поздрави ангажманот, но рече дека само ако членките на Советот за безбедност имаат храброст да воведат санкции против оние што ја прекршуваат Резолуцијата, дури тогаш заложбите за свет без атомско оужје ќе добијат и употребна вредност. притоа, Саркози ги именуваше Иран и Северна Кореја, кои со години заобиколуваат различни резолуции.

Автор: Лена Бодевајн/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска