1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сообраќајката во која загина Младенов е несреќен случај

СН/БГ/макфакс9 април 2013

Сообраќајната несреќа во која на 27. март загина новинарот, уредник и основач на дневниот весник и на неделникот Фокус, Никола Младенов, била несреќен случај утврдиле судските органи по истражните дејствија.

https://p.dw.com/p/18CNm
Фотографија: MIA

Истражниот судија во предистражната постапка заснована врз обдукцијата на Институтот за судска медицина, крим-техничкото и сообраќајното вештачење на МВР, како и фотодокументацијата и скицата на која е претставено движењето на возилото утврдил дека во сообраќајната несреќа во која на 27-ми март кај клучката Хиподром пред Скопјезагина Никола Младенов нема  нема индиции дека станува збор за кривично дело, соопшти  портпаролот на Кривичниот суд Скопје Владимир Туфегџиќ, Според него, во сообраќајната несреќа не учествувало друго возило, трагите кои биле пронајдени на местото од несреќата на шасијата од левата страна на возилото што го управувал Младенов, било утврдено дека не потекнуваат од боја од автомобил, туку од антикорозивно средство.

Утврдено е, исто така дека за време на несреќата Младенов не бил врзан со сигурносен појас, а обдукцијата покажала дека за време на несреќата држел цигара во раката. Во врската со шпекулациите дека на местото на кое автомобилот излетал од патот има траги од кочење, било утврдено дека станува збор за две други изолирани сообраќајни несреќи коишто се случиле во 2010 и во 2012 година.

„Се работи за несреќен случај. Причините поради кои дошло до излетување на возилото биле предмет на испитување. Младенов возел со брзина од 160 километри на час“, рече Туфегџиќ. Смртта настапила, како што рече Туфегџиќ, насилно со пукање на аортата, а кај Младенов не биле пронајден алкохол и психотропни супстанци во крвта. Во врска со мобилниот телефон на Младенов, Туфегџиќ рече дека не поседува информации за негово евентуално пронаоѓање, и дека целата оваа документација ќе биде предадена до Основното јавното обвинителство кое треба да одлучи дали ќе отвори истрага во врска со сообраќајната несреќа во којашто загина Младенов. Од досегашните анализи не е утврдено каде претходно бил Младенов.