1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Соочување на лидерите од власта и опозицијата во Македонија

Александар Чомовски27 ноември 2006

НАТО и европските перспективи,обврските и законските реформи и неопходноста од дијалог ќе бидат главни теми

https://p.dw.com/p/Adao
Фотографија: DW

Меѓународната заедница конечно ќе успе да ги соочи меѓусебно претставниците од најголемите партии:Никола Груевски,Радмила Шеќеринска ,Али Ахмети и Арбен Џафери.Амбасадорите на ЕУ и на САД попладне ја организираат лидерската средба во Скопје.

-Ќе разговараме за НАТО,за ЕУ,тоа е начин на кој што мора да ги тераме работите во иднина.Имаме извештај од ЕУ,имаме период во кој треба да се одлучи за прием на Македонија во НАТО,и тука за нас е важно да имаме комуникација и со опозицијата меѓутоа и со оние амбасади,односно држави од кои директно ни зависи приемот во НАТО и во ЕУ,изјави премиерот Никола Груевски.

Утре во Скопје се поставува спомен белегот на Скендер бег,што ќе биде и прв тест дали попладневниот самит ќе биде успешен,зашто во тој случај пред споменикот на преродбеникот најверојатно би се нашле Никола Груевски,Али Ахмети,Арбен Џафери и Радмила Шеќеринска.Власта и опозицијата би требало да ги закопаат воинствените реторики и опструкции.Најновиот случај е денешното бојкотирање на средбата во ЗЕЛС,меѓу македонските градоначалници и премиерот од страна на градоначалниците од ДУИ.Тие не дојдоа во Скопје,писмено протестираа поради вплеткувањето на локалната влста во локалната самоуправа,но со игнорирањето на премиерот Груевски,се истакнуваат како своевидни партиски војници,послушни на лидерот Ахмети.

По двочаасовниот дијалог на македонскиот премиер со градоначалниците,остануваат пречките во располагањето со градежното земјиште,шро државата не им го препушта на општините.По првиот налет на борбата со урбаната мафија,повеќе градоначалници покажуваат резерви околу масовноот уривање на дивоградбите.

-Општините никогаш нема да бидат кочничар на владата,на политиката на справување со корупцијата и тука ние активно ќе делуваме,но тука ние не сакаме да има изедначување со некои луѓе кои несоодветно,несовесно и нечесно си ја вршеле својата работа и генералната слика за градоначалниците бидејќи сепак тие се респектирани личности,вели Андреј Петров,градоначалник на скопската општина Карпош и претседател на Заедницата на македонските општини.