1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Соработници на Црениот крст ослободени во Сирија

АТ/ миа/ дпа/ афп/ ртр14 октомври 2013

Во место контролирано од бунтовниците во Сирија при експлозија на автомобил бомба загинаа околу 20 лица. Покрај лошата ситуација Црвениот крст останува во земјата. Тројца киднапирани соработници на МКЦК се на слобода.

https://p.dw.com/p/19zJc
Фотографија: picture-alliance/acaba

При бомбашки напад во северно-сириската провинција Идлиб убиени се повеќемина луѓе. Локалните активисти информираат дека се работи за 12 жртви, додека Канцеларијата за опсервација за човекови права, блиска до опозицијата јавува за 20 жртви и голем број повредени. Нападот се случи со автомобил полн со експлозив кој детонираше во близина на местото Даркуш. Даркуш го контролираат противниците на властодржецот Башар ел Асад и се наоѓа на два километри од турската граница.

Во меѓувреме тројца од шестмината хуманитарни работници на Црвениот крст, кои вчера беа киднапирани од вооружени напаѓачи во северозападниот дел на Сирија, денеска се ослободени заедно со волонтер од Сириската арапска Црвена полумесечина, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

„Добри вести! Потврдуваме дека волонтерот од Сириската Црвена полумесечина и тројца од шестмината колеги од МКЦК се ослободени и се живи и здрави“, напиша на Твитер, Роберт Мардини, кој раководи со мисиите на МКЦК за Блискиот и Средниот Исток.

Портпаролот на МКЦК Џон Вотсон истакна дека тие биле ослободени во провинцијата Идлиб, а организацијата очекува информација за судбината на останатите тројца киднапирани.