1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Состанок на ЕУ министри за надворешни работи во Луксембург

15 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Br3g

Покрај потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со Црна Гора во фокусот на денешното заседание на европските министри се и статусот на Косово и иднината на односите меѓу Србија и ЕУ денеска. Шефовите не европските дипломатии денеска одлучуваат и дали ќе се парафира Спогодбата за стабилизација и Асоцијација со Србија. Главната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте треба да ги извести за степенот на соработка на српските власти со судот. Се очекува нејзиниот извештај да биде релативно позитивен за Србија. Соработката со трибуналот е главен предуслов за потпишување на Спогодбата. Шефовите на европските дипломатии разговараат и за реформите на европскиот Устав.