1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Состојбата на Хитроу и натаму хаотична

16 август 2006

И неколку дена по алармот за терористички напади, на големите аеродорми во Лондон натаму владее хаотична состојба. И натаму дневно се укинуваат стотици летови, а патниците мораат да сметаат на часови чекање. Посебно непрегледна е состојбата на аеродромот Хитроу, најголемата воздушна крстосница во Европа:

https://p.dw.com/p/AdyU
Турканиците се уште траат
Турканиците се уште траатФотографија: AP

Најрано два часа пред полетувањто патниците смеат да пристапат кон терминалот. Упатствата за соработничнката на „Вирџин ерлајнс„ се моше прецизни. Кој ќе стигне порано, мора да пие кафе или чај. Но, човекот со три куфери е иритиран, зашто изутрината преку и-мејл добил нешто друго: таму стои дека на Хитроу мора да биде 4 часа порано. Да, но сега се доволни два часа, одговара соработничката. Ситуации како оваа се повторуваат пред сите терминали на Хитроу. Белинда веќе со часови чека за нејзиниот лет кон Австралија и се жали:

„Кога се симнав од возот овде веќе имаше многу луѓе. Не можев ниту напред, ниту назад и немаше никакви ознаки„.

Личните предмети Белинда ги носи во проѕирна пластична кеса за да може во последен момент книгата и мобилниот телефон да ги стави во куферот. Таа се уште не верува дека во авионот не смее да внесе рачен багаж. Сузи од Калифарнија трипати се прекрстува со надеж дека повторно ќе види својот багаж. Нејзиниот татко бара нови информации. 14-годишната со своето семејство целата претходна ноќ ја минала на аеродромот. Патуваат за Ерменија. Единствениот лет неделно во понеделникот го пропуштиле – поради строгите контроли. Сега ќе мораат со „Аерофлот„ најнапред за Москва:

„Не праќаа наваму-натаму, од еден до друг терминал. Страшно. Компаниите не знаеја што да прават со нас. Сега сме повторно овде и се надеваме конечно да полетаме„.

И покрај сето чекање, малку кој патник се нервира. Сите имаат извесен степен на разбирање. Безбедноста на летовите за сите нив е најважна. Меѓутоа, во иднина аеродроми со големината на Хитроу ќе мораат посебно да се подготват за вакви специјални случаи. Патниците затоа сметаат дека обврската сега е кај политичарите: да изнајдат соодветни форми за преходна идентификација на профилите на патниците за да се олесни контролата на аеродромите.