1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Социјалните протести во Тунис продолжуваат

СН/ЖА/афп26 декември 2012

Во градот Сиди Бузид, 17-годишно момче се самоубило на јавно место во знак на протест поради мачната економска состојба во земјата во која лани започна т.н Арапска пролет.

https://p.dw.com/p/1792F
n Unruhen Sidi BouzidФотографија: Reuters

Социјалните протести против умерената исламистичка влада на Тунис на чело со претседателот Монсев Марзуки продолжуваат. Во градот со симболично значење Сиди Бузид во централниот дел на земјата притоа на јавно место се самоубило едно 17-годишно момче. Очевидци јавуваат дека тоа се обесило на еден далновод, од очај и во знак на протест поради долгогодишната невработеност. Токму во градот Сиди Бузид пред две години продавач на зеленчук се самозапали во знак на протест против режимот на тогашниот претседател Зине Ел Абидине Бен Али со што предизвика масовни демонстрации на солидарност ширум земјата. Протестите доведоа до соборување на претседателот Бен Али и го означија почетокот на т.н Арапаска пролет, во чиј ек од власт беа соборени повеќемина долгогодишни властодржци во арапските земји. Инаку по бегството на поранешниот претседател Бен Али во јануари минатата година Тунис е се‘ уште во сила вонредна состојба, што им дава поголеми овластувања на војската и полицијата.