1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Социјални претприемачи

28 јануари 2012

Social Entrepreneurs се претприемачи кои се залагаат за социјални промени во глобалното стопанисување. Добро место да дискутираат за нивните концепти е секако Светскиот економски форум во Давос.

https://p.dw.com/p/13sJP
Фотографија: Reuters

Ретко кога зимата во Давос била волку остра како годинава. Фелипе Вергара доаѓа од жештините на Колумбија и е т.н социјален претприемач (Social Entrepreneurs ).

„Ова е единствена можност за мене. Дојдов овде за да разговарам со моќните во овој свет и да ги информирам за нашата работа во ’Лумни’. Ние ги поддржуваме студентите со мали примања во нивното обучување“, вели Фелипе Вергара од организацијата „Лумни“.

Концепти за разумно стопанисување

Weltwirtschaftsforum Davos Schweiz Wirtschaft WEF Logo
Фотографија: Reuters

30 т.н. социјални претприемачи се поканети од Фондацијата Шваб во Давос. Тие дискутираат и ги разменуваат нивните концепти. Тоа се претприемачи, кои се залагаат за социјални промени.

Сју Риделстон е социјална претприемачка во „Био регионал“:

„Светските лидери тука разговараат за кусокот од суровини, растечкото население. Ние веруваме дека некои решенија кои ги нудат социјалните претприемачи, можат да ја зајакнат економијата, секој може да има работа и да се постапува разумно со ресурсите“, вели Риделстоун.

Моментот е созреан

Товарот мора да биде распределен, јазот меѓу сиромашните и богатите да биде намален. Дека тоа е можно, покажуваат социјалните претприемачи во Давос. Во Тунис на пример помагаат мини-кредитите, вели Бен Хамида од „Енда Интер Арабе“:

„Ние финансираме мали претпријатија, кои главно се раководени од жени. 70 насто од оние кои ги кредитираме се жени од земјоделските области. Тие имаат мали неетаблирани фирми“.

Поинаку да се стопанисува е тема со која добростоечките се’ повеќе мора да се соочуваат. На Светскиот економски форум во Давос таа сега е на дневиот ред- впрочем моментот за тоа е созреан.

Автор: Мануела Каспер Клериџ/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска