1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сочи – летувалиште и зимски олимписки центар?!

5 јули 2007

Со добивањето на организацијата на зимската олимпијада и со градењето објекти и инфратсруктура за тоа, градот ќе комбинира летен и зимски туризам во својата поширока околина

https://p.dw.com/p/BCjt
Сочи ќе нуди можности и за летен, како и за зимски туризамФотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

Сочи некои го нарекуваат “руска Мајорка” или “руска ривиера”. Градот има 400 илјади жители и е омилено летувалиште за горниот, богат слој на руското општество. Таму има резиденција и рускиот претседател Владимир Путин. Во Сочи владее суптропска клима и во него би се одржале само натпревари на мраз, значи во сала. За скијачките спортови ќе се гради центар на оддалеченост од околу 40 километри во ридиштата на Кавказот. Еколозите протестираа бидејќи предвидените сообраќајници треба да минуваат низ заштитена природна област. Ќе бидат изградени две олимписки села. Според проценките, целокупниот проект би требало да чини околу 20 милијарди евра.

Проектот на Сочи за олимпијадата доби оцена “многу добар” од Меѓународниот олимписки комитет, другите два кандидата беа оценети како “извонредни”. За Сочи, покрај воодушевениот скијач, претседателот Путин, агитираа и тениската ѕвезда Марија Шарапова, и австриската скијачка легенда Карл Шранц. Филмот за кандидатурата на рускиот град го снимија Германците Вили Богнер и Маркус Вазмаер, а најголемиот светски производител на гас, руското претпријатие Газпром, во седиштето на Меѓународниот олимписки комитет во Лозана најави интерес да стане врвен спонзор на Комитетот.