1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со генерален штрајк против милициите во Либија

ЕМФ/ард/дв17 ноември 2013

Либија не се смирува. По крвавите судири меѓу демонстрантите и припадниците на милициите во Триполи, Градскиот совет ги повика граѓаните на генерален штрајк. Загриженост на Запад.

https://p.dw.com/p/1AJ0S
Фотографија: picture-alliance/dpa

По крвавите судири меѓу демонстрантите и милициите во Триполи, Градскиот совет ги повика граѓаните на тридневен штрајк. Тој почнува денеска (17.11.), се вели во соопштение на Градскиот совет. Штрајкот е „знак на тага и солидарност“ со семејствата на 43-те жртви во судирите. Претседателот на Градскиот совет Садат ал-Бадри најави почеток на кампања на граѓанска непослушност „се‘ додека милициите не се повлечат“.

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери го осуди најновото насилство во Либија и повика на дијалог.

„Либијците не ги ризикуваа своите животи во револуцијата во 2011 година за сега да бидат сведоци на продолжување на насилството“, се вели во соопштението на Кери. „Либијците се бореа за да создадат демократски систем во кој гласот на населението ќе биде слушнат на мирен начин“, оцени Кери.

Мисијата на ОН во Либија, УНСМИЛ, побара веднаш да се стави крај на крвопролевањето и разликите да бидат решени по мирен пат. Германскиот министер за надворешшни работи Гидо Вестервеле подвлече дека судирите се сериозен знак на предупредување. Тој ги повика „владата, парламентот и сите политички сили да се заложат за мирен и демократски преоден процес кон обединета Либија“.

Protest und Gewalt in Libyen
Фотографија: Reuters

Во текот на демонстрациите на граѓаните против припадниците на милициите во петокот (15.11.) животот го загубија 43 лица, а поведени се повеќе од 400. Кога демонстрантите се доближија до седиштето на милициите, од него излегоа вооружени лица кои отворија оган врз оние кои протестираа. Дел од демонстрантите заминаа дома за да го земат оружјето кое го имаат и да одговорат на нападот. Демонстрантите носеа бели знамиња и бараа се’ послабите безбедносни сили во Либија да го заземат местото на милициите. Луѓето кои протестираа извикуваа: „Сакаме армија, сакаме полиција“.

Во текот на вчерашниот ден (16.11.) избија борби меѓу ривалски бригади во предградие на триполи. Во судирите, како што јавија либиските меидуми, загинаа 6 лица, а повредени беа десетици.