1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со името нема пазар

20 јануари 2008

Македонската позиција околу името е непроменета,нема да се прават отстапки околу уставното име на државата.Ова е заклучокот од вчерашната едночасовна средба на државниот врв,одржана кај претседателот Бранко Црвенковски

https://p.dw.com/p/Cuyj
Од претходната средба на Нимиц со Црвенковски и Груевски во СкопјеФотографија: Macedonian Information Agency

На средбата освен претседателот учествуваа и премиерот Никола Груевски,министерот за надворешни работи Антонио Милошовски,како и македонскиот преговарач за името Никола Димитров.Средбата се одржа пред утрешното отпочнување нова рунда македонско грчки преговори за името,која ќе се одржи во Охрид.Таа е иницирана од Метју Нимиц,посредникот во спорот околу името,кој денес треба да пристигне во Македонија.