1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со помала бирократија повеќе инвестиции

Силвера Падори30 ноември 2007

Индустриско-трговската комора на Герамнаија синоќа беше домаќин на македонско - германскиоот бизнис форум. За инвестирањето во Македонија пред стопанствениците говореше министерката за економија Вера Рафајловска.

https://p.dw.com/p/CV0V
Македонија спроведува реформи и нуди предности за фирмитеФотографија: bilderbox

„За германските претпријатија Македонија, како регион за инвестирање, ќе биде се поинтересна и поважна. Нам ни треба, велам нам ни треба, еден водечки претприемачки дух кој повеќе ќе се ангажира од порано. А ова, уште повеќе ви треба и вам. Дајте им простор на луѓето кои се подготвени на свој ризик нешто да преземат” . Ова на синоќешниот бизнис форум во Берлин го порача Хартмут Шауерете, државен секретар во сојузното министерство за стопанство. Тој беше еден од соговорниците на македонската министерска за стопанство Вера Рафајловска, која имаше дводневна работна посета на Берлин.

Кои се поволностите кои ги нуди Македонија

Во разговорите, а и пред седумдесетината претставници на германскиот и македонскиот бизнис, Рафајловска ги истакна значењето на Германија како партнер на Македонија, како и реформските зафати на владата за привлекување странски капитал.Поволностите се како во доменот на даночните олеснувања, така и во сферата на намалената бирократија при регистрирањето на фирмите.

Рафајловска го истакна влијанието на т.н.регулаторска гилотина која е во тек и претставува укинување на стотици прописи кои го обременуваат бизнисот. Со воведувањето на едношалтерскиот систем, според Рафајловска, од јули наредната година, една фирма ќе може да се регистрира за само 2,5 часа. И тоа без внесување на основната главнина и со минимум трошоци. Според неа инвестициите се добредојдени во сите сфери, а посебно ги истакна автомобилската индустрија, информатичкиот сектор и прехрамбената индустрија.

Туризмот како привлечна гранка

Германските претпријатија стојат на располагање и се подготвени да се вкучат во реализирање на проекти во сферата на сообраќајот, енергетиката и рехабилитацијата на комуналната инфраструктура.Финансирањето е можно преку концесии и јавното приватно партнерство. Го коментираше германскиот интерес државниот секретар Хартмут Шауерете. Дел од присутните посебно се интересираа за туризмот во Македонија, хотелските капацитети и шансите за вложување во овој сектор.

Туризмот беше и една од темите за кои Рафајловска разговараше со претставниците на ГТЦ и Централното туристичко здружение на Гермнанија - ДЕХОГА.

Посетата на Рафајлопвска на Германија беше своевидна “увертира” пред визитата на премиерот Груевски и неговиот министерски тим задолжен за инвестиците, што е најавена за наредната недела во Минхен и Штутгарт.