1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со претседателот доаѓа и помошта

3 септември 2005

Хаос во настраданите подрачја од ураганот во САД.Американскиот претседател Џорџ Буш во посета на Алабама вети брза помош и контрола над состојбата

https://p.dw.com/p/AcCt
Фотографија: AP

Американскиот сенат овласти посебна истражна комисија за да ги разјасни потфрлувањата во подрачјата погодени од ураганот Катрина.Илјадници луѓе се наоѓаат во вистински хаос,особено во поплавениот Њу Орлеанс.

Изгледа пострашно отколку војна,велат очевидци.Смрт од изгладнетост и истоштеност,трупови по улиците,банди криминалци-насилници и крадци.Вчера експлодираше и фабричка хала.

„Луѓе умираат на неколку метри.Од час во час е полошо.Досега чувме само празни ветувања.Веќе немаме вода,храната е при крај.Осудени сме на проклета немоќ.“

„Ова е лудило.Никој официјално не се појавил овде,иако постојано ги слушаме на радио.Не стигна ниедна хуманитарна организација,никој од Црвениот крст,иако трупови лежат насекаде.Безумие“,вака реагираат во Њу Орлеанс.

Прв голем конвој со храна,вода и лекови таму пристигна дури вчера.Претходно американскиот претседател Џорџ Буш допатува во посета на опустошените области во јужните американски сојузни држави.Во Алабама тој изјави:

„Ова се најтемните денови и имаме многу работа пред нас.Дојдов да им заблагодарам на спасувачите,да ги утешам луѓето и да дадам до знаење:заеднички ќе ја совладаме состојбата.“

Буш меѓутоа и критикуваше:

„Резултатите не се прифатливи.Разговарав со луѓето ,ве уверувам меѓутоа дека ќе донесеме нужни средства и ќе ја ставиме состојбата под контрола.“

Сенатот во Вашингтон во меѓувреме одобри 10,5 милијарди долари за кризна помош,а трошоците на тековниот ангажман се проценуваат на 500 милиони долари дневно.