1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со “прочистена” статистика – преку 5 милиони невработени во Германија

2 февруари 2005
https://p.dw.com/p/AePO

Во повоениот период во Германија досега не се случи бројката на невработени да надмине 5 милиони: според податоците објавени денеска 5 037 000 луѓе се пријавени како невработени во Заводите за вработување. Тоа се 573 илјади повеќе отколку во минатиот месец и речиси 440 илјади повеќе од лани во овј период. Стапката на невработеност се зголеми за 1,3 процентни поени и достигна 12,1 насто. Пред една година таа изнесуваше 11 проценти.

Новите, рекордни бројки, се должат на вообичаениот зимски пораст на невработеноста, а и слабата конјунктура исто така не придонесува за подобрување на ситуацијата. Но, Франк-Јирген Вајзе, претседател на Сојузниот завод за вработување, укажува на еден битен момент: “Не се зголеми невработеноста, туку таа сега е сопфатно отсликана”. Со стапувањето на сила на реформите на пазарот на работна сила сега во евиденцијата на невработебни се опфатени сите кои примаат помош за невработеност. Вајзе така ги потврди изјавите на сојузниот министер за економија Волфганг Клемент дека всушност во Германија работа бараат 6 ипол милиони луѓе, колку што се опфатени со мерките на активната политика на пазарот на работна сила. Само во јануари има 1,1 милион новопријавени како невработени – многумина од нив се досегашни приматели на социјална помош. Во Заводот за вработување дури во март ќе имаат појасна слика колкумина од нив навистина стојат на располагање за вработување.