1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со солзавец, водени топови и апсења против „Самоопределување“

14 јануари 2012

Водачот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти денеска е уапсен од страна на косовската полиција. Силите за безбедност спречија активистите на движењето да ги блокираат граничните премини со Србија.

https://p.dw.com/p/13jkU
Косовската полиција не дозволува блокада на граничните преминиФотографија: picture-alliance/dpa

Косовската полиција денеска кај Подуево во близина на преминот Мердаре употреби солзавец и водени топови за да ги растера приврзаниците на движењето „Самоопределување“ кои сакаа да се пробијат до преминот Мердаре. Во акцијата е упасен лидерот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти како и други поддржувачи. Курти претходно пред седиштето на „Самооопределување“ во Приштина пред да замине за Мердаре изјави дека денешниот ќе биде мирен протест кој има за цел остварување на реципроцитет на односите со Србија.

Kosovo Polizei Albin Kurti Opposition
Албин Курти, водач на движењето „Самоопределување“Фотографија: picture-alliance/dpa

Активистите на движењето „Самоопределување“ исто така ја повикаа полицијата да дозволи да стигнат до преминот Мердаре велејќи дека не се против полицијата, туку против Србите. Полицијата од своја страна повеќепати ги повика демонстрантите кај Подуево да се разотидат.

Полицијата на Косово не дозволи пристап до граничните премини и од други страни на Косово. На патот кон премините Мердаре и Бела земља се вршат строги контроли. Полицијата ги запира сите возила во правец на Подуево и не двозволува да го продолжат патот. Косовската полиција во меѓувреме потврди дека денеска во меѓузоната на граничниот премин кај Врбинце во близина на Призрен запрела и неколку автобуси и патници кои биле на пат да го поддржат протестот на движењето „Самоопределување“ во блокада на премините Мердаре и Бела земља.

Anti-serbische Proteste in Pristina VETEVENDOSJE 2
Протести на „Самоопределување“ (архива)Фотографија: picture-alliance / dpa

Косовските власти не дозволуваат блокади на премините

Косовската полиција вчера (13.01) најави дека ќе ги преземе сите мерки во согласност со Уставот и законите на Косово за да се гарантира јавниот ред и мир, слободата на движењето на сите граѓани и стоката преку премините Мердаре и Бела земља и во целата земја. И заменикот на косовскиот премиер и министер за трговија и индустрија Мимоза Кусари Лила за Дојче веле најави дека Владата нема да дозволи до дојде до блокада на премините кон Србија. Кусари Лила смета дека тоа би значело не само блокада на движењето на луѓе и стока со Србија туку и блокада на транспортот кон земјите на ЕУ.

Опозиционото движење „Самоопределување“ за денеска повика на блокада на премините Мердаре и Бела земља кон Србија, затоа што Владата на Косово не ги остварувала заклучоците на Собранието на Косово за реципрочни мерки кон Србија. Во подготовките за денешните протести првите луѓе од „Самоопределување “ ја посетија и Тирана. Албанското раководство, претседателот Бамир Топи, премиерот Сали Бериша и министерот за надворешни работи Едмонд Хаџинасто јавно се изјаснија против денешните протести во организација на „Самоопределување“.

Автор: АТ/ ЗЈ/ бета

Редактор: Жана Ацеска