1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со телесни вежби станувате попаметни

Јенс Крепела/Ивана Петрушевска2 декември 2012

Голем број деца во Германија, имаат проблеми со телесната тежина и лошата физичка кондиција. Една студија, покажала дека спортот и телесните вежби се најдоброто средство за подобрување на концентрацијата.

https://p.dw.com/p/16nGQ
Фотографија: Deutsche Sporthochschule Köln

Михаела Нелсен веќе 15 години вежба гимнастика со деца. “Времињата се променија”, вели Нелсен и објаснува : „Во минатото, постоеја деца кои беа во состојба со јаже да се искачат до врвот на салата. Денес ниту едно дете не успева во тоа.”

Михаела се согласува со мислењето на научниците. Децата не се толку силни како порано, без разлика дали станува збор за сила, издржливост или кондиција. Главната причина е недостатокот на телесни вежби. Генетските фактори, неправилната исхрана и подолгото спиење се главните фактори кој го предизвикале овој драматичен тренд.

Најдобрата можност за решавање на овој проблем е спортот и вежбањето. Иницијативата „Класот спортува”, во кој учествува спортското училиште од Келн се занимава со оваа проблематика. За основците, спортувањето треба да претставува задоволство. „Затоа, постојат неколку игри”, објаснува Матијас Белингхаусен од спортското училиште во Келн.

Должност на родителите

Една студија покажала дека децата кои учествуваат во оваа програма, се во далеку подобра форма, немаат проблеми со телесната тежина и одлично функционираат во општествените односи. И тоа не е се‘. „Докажавме дека се подобрија резултатите и во когнитивните области, како што е на пример, концентрацијата. Речено сликовито – со вежбање станувате попаметни”, вели Белингхаусен.

Kindersport Sportfest mit Projektleiter Mathias Belinghausen.
Фотографија: Deutsche Sporthochschule Köln

Во целиот процес, голема улога имаат и родителите. Пред се, тие мораат да ги поттикнуваат своите деца. На пример, децата не мора да ги носат со автомобил, по секоја цена. Покрај тоа, мора да им веруваат повеќе и да ги остваруваат нивните желби, твдри Михаела Нелсен. Таа успеала, преку разни курсеви да ги мотивира родителите и децата да се занимаваат со спорт. Детската разиграност и џагорот, кои ја исполннуваат салата, се најдобар доказ за нејзината работа.