1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со 2013 -та може да биде најубаво!

Силвера Падори-Кленке31 декември 2012

Македонците кои живеат во Берлин имаат различни прогнози за она што ќе и’ донесе новата година 2013 - та на нивната татковина. Додека едни се скептични и песимисти, други се непоправливи оптимисти

https://p.dw.com/p/179VG
Фотографија: Fotolia/Pavel Losevsky

„На следната година за Македонија гледам многу позитивно! Ја гледам Македонија  во тек на развој, се спроведуваат многу проекти и земјата како држава напредува во насока на Европа. Прашањето со името ќе трае уште доста време, но би требало да се реши, зашто со решавањето на името се решаваат и други проблеми на Балканот“, вели Перо Дивјакоски според кого новата 2013 од повеќе аспекти ќе биде подобра од 2012. #
„Ние сме оптимисти. Мора да е подобра. Македонија по никој начин нема да го смени името, ќе си го задржи - Македонија. Мора ли името да се смени за да влеземе во Европа, прашува  Богоја Љубески и самиот одговара дека „со нашето име треба да влеземе во Европа“.
И Сашо Мукоски од Вевчани кој во Берлин е неполни четири месеци е оптимист.
„Очекувам дека ќе се реши спорот за името. Со комшиите да се испомириме, да ни ги признаат името и националноста. Се надевам  да добиеме датум за преговори, а во ЕУ да влеземе не 2020, туку уште подобро ако може уште во  2015“, е видувањето на Сашо Мукоски, лекар по професија, со тригодишна специјализација во хирургија  кој сега го учи германскиот јазик и се надева на добра работа во некоја од берлинските болници.

Mazedonier aus Berlin Bogoja Ljubevski
Мора да е подобро -верува и Богоја ЉубевскиФотографија: DW/Silvera Padori-Klenke

Треба да се биде реален!

Наспроти него, Аница која во Берлин живее од 1986 помалку розово гледа на 2013-тата.
„Мора да се биде реалист, реално да се говори.Имам браќа и сестри во Македонија и слушам дека  нема работа за луѓето, не е добро. Се’ оди по партиска линија. Има многу невработени луѓе и заради тоа не може Македонија да просперира како држава. Македонија нема никогаш да пропадне, ќе си остане, ама се’ си оди партиски. Четири  години таа партија, другите четири другата  и си вработуваат  свои партиски луѓе! Така за вработување и работа таму е многу тешко. Се надевам дека ќе биде подобро, ама не ми се верува!“, кажува з ДВ Аница, која како вели „за работа - нема срамота“,  работела на многу места различни нешта,  но за жал вакво нешто нема за луѓето во Македонија.
Не е голем оптимист ниту Филип, инженер од Скопје кој повеќе години работи во Берлин и како вели посебно е потресен од случувањата во Парламентот од последната недела.
„Не знам како со вакво водење на политиката Европа би рекле: е супер сте, имате добра подлога да влезете меѓу нас? Стварно сум скептик. А сакам да биде! Или ќе дојде до некаква инцидентна ситуација и ќе не‘ изненади сите или сево води кон нетактичко играње за влез во Европа“, е коментарот на Филип.
На крајот Стојанка е сепак полна со оптимизам:
„Во надеж сме да биде  подобро, а  не да е полошо. Годината е со број 13,  но  може со 13 - та да биде најубаво!“,  верува Стојанка.
 

Mazedonier aus Berlin Saso Mukoski
Посакува датум за старт на пристапните преговори - Сашо МукоскиФотографија: DW/Silvera Padori-Klenke