1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спидо или Адидас?

21 април 2008

На германското првенство во пливање на кое се „бркаат“ олимписките норми, место за резултатите, многу повеќе се зборува за наводното „чудо од пливачки костуми“на фирмата „Спидо“.

https://p.dw.com/p/DlTg
Дали костумите на „Спидо„ пливаат сами?Фотографија: picture-alliance/dpa

Новиот пливачки костум на фирмата Спидо се презентира како ново светско чудо, што го развија експертите на вселенскиот центар НАСА. Резултатите се појавија бргу и впечатливо: три дузини светски рекорди за само неколку недели.

Подобар материјал или психо - ефект?

Решавачкото прашање гласи: манипулација на постигањата со предност на материјалот или сепак психо-ефект преку впечатлив маркетинг. На пливачкото првенство на Германија во Берлин, Паул Бидерман постигна светски резултати во трките на 200 и 400 метри слободно, но во костум на Адидас: „Јас само велам дека резултатите ги постигнуваат спортистите, а не костумите за пливање. Ако однапред се зборува за тоа дека оној плива во Спидо, а други во таков или онаков костум, тогаш однапред се прави збрка.“

На германското првенство, на кое патем досега 14 пливачи ја постигнаа нормата за Олимписките игри во Пекинг, тие имаат слободен избор на костуми, но на Игрите ќе бидат принудени да се појават во Адидас. На средбата во идната недела, меѓу пливачкиот сојуз и Адидас ќе се преиспита квалитетот на опремата.

Која фирма нуди подобар квалитет?

Главниот тренер на германските пливачи Ерјан Мадсен вели:

„Мислам дека непосредно по пливачкото првенство ќе мораме заедно со Адидас да констатираме дали костумите што ги имаме ние и со кои ќе настапиме во Пекинг се исти со другите, на Спидо или некои други.“

Можно е меѓутоа, балонот да се издиши уште порано. Во трката на 100 метри грбно победи пливачот во Адидас опрема Холгер Меув со европски рекорд, пред спринтерот во Спидо, Томас Рупрат.

Нов германски првак во хокеј на мраз се берлинските „Бели мечки“ кои во натпреварите ’подобар од пет’, вчера во Келн ја постигнаа третата победа пртив келнските „ајкули“. Во регуларното време, натпреварот заврши 1 спрема 1, но во продолжението „мечките“ први постигнаа гол што им ја обезбеди и титулат.