1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спогодба за проширена соработка на локално ниво

Милчо Јовановски 21 април 2008

На патот кон ЕУ, Македонија и Албанија отворија нова страница во соработката на општините. Локаните власти потпишаа спогодба за соработка, со што се официјализира идејата за поширок проток на лица и капитал.

https://p.dw.com/p/DlcZ
ОхридФотографија: MIA

Потпишувањето на спогодбата за соработка меѓу локалните власти од Македонија и Албанија ЗЕЛС и ААМ, не е ништо друго туку поставување на темелите врз коишто ќе се гради перспективата на регионот и што ќе му овозможи да биде еден од најпросперитетните во Европа, вели претседателот на ЗЕЛС Андреј Петров.

Иднината на Македонија и Албанија е во тоа централните власти да сфатат дека економски помоќната локална самоуправа ќе води кон развој на општеството. Македонија како земја кандидат за влез во ЕУ, веќе може да влече пари од разни грантови. Популарните ИПА фондови веќе се достапни, потребни се зрели проекти што ќе го подобрат животот, смета претседателот на ЗЕЛС Петров.

Заштитата на Охридскотот езеро, неодамнешното спротивставување за визниот режим како и неговото олеснување, се’ поотворената бизнис соработка меѓу граѓаните се добар показетел дека локалните власти го нашле вистинскиот пат. Сега е потребно самодоверба и многу работа.