1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Според Димитров во Македонија живеат 120 илјади Бугари

СН/ЖА/макфакс/прес2420 август 2013

Во интервју за македонскиот портал Прес24, бугарскиот историчар Божидар Димитров тврди дека било забавно да се побиваат глупавите тези на македонските политичари, историчари и новинари.

https://p.dw.com/p/19SmA
Фотографија: Vladimir Petkov

Контроверзниот директор на Националниот историски музеј на Бугарија, Божидар Димитров, не престанува со провокациите за Македонија, овој пат тврдејќи дека во земјата има малцинство од 120 илјади Бугари, додека, пак, во Бугарија само пет илјади Македонци.

Во интервју за Прес24, Димитров вели дека на Македонците во Бугарија никој не им го оспорува правото на самоопределување, а понатаму тврди дека македонската нација е создадена од политички причини.

„Инаку македонизмот е идеја на српскиот политичар Новаковиќ од 1889-та година, кога тој цинично пишува: Сите обиди да ги посрбиме Бугарите во Македонија трпат неуспех, затоа да им создадеме чувство дека припаѓаат на друга нација, а новоформираната помала и слаба нација лесно ќе ја претопиме“, завршува Димитров, притоа употребувајќи низа навредувачки термини за карактеризирање на македонските новинари.