1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорни деликатеси од Бугарија

Антоанета Ненкова/ Жана Ацеска19 декември 2012

Бугарија е втор по големина светски производител на птичји црн дроб, по рекордерот Франција. За таа цел присилно се товат пајки и гуски, метод кој го критикуваат заштитниците на животните.

https://p.dw.com/p/175XF
Фотографија: Getty Images

Работа под полна пареа во бугарското место Милево: тројца работнииц во заштитна облека растовараат големи камиони со пајки. Птиците на куки потоа се транспортираат во внатрешноста на кланицата, каде нивниот живот завршува за помалку од шест месеци. За смртта да биде безболна, се употребува краток елетрошок пред колењето.

Кланицата во Милево е една од осумте во Бугарија со лиценца од ЕУ. Неа ја изградија Пламен Челебиев и татко му во 2001. година, а потоа ја проширија во 2004. година со купувањето на погонот во Хасково. Семејното претпријатие Фолекс со 400 вработени се занимава со производство на црн дроб од пајки, паштети и конзерви месо. Масен црн дроб во светот е поим за деликатес, особено во божиќното мени.

Tierquälerei bei der Herstellung von Foie gras
Според метод на товење на птицитеФотографија: picture-alliance/dpa

Товењето гуски и пајки е забрането во 14 земји од ЕУ

Но, за да се прозведе т.н. масен црн дроб, нужно е товење на пајките или гуските. Во семејното претпријатие тоа почнува 75 до 90 дена по испилувањето на птиците, објаснува Пламен Челебиев. За време на товењето птиците живеат по четири или пет во кафез на површина од 80 на 80 сантиметри. Горниот дел од кафезот е отворен, од таму се одвива хранењето. 

Секои 12 часови пајките добиваат 200 до 400 грама варена пченка директно во желудникот.

„По 21 до 27 вакви принудни ставања храна во клуновите, црниот дроб нараснува за пет до седумпати поголем од нормалната тежина и тежи 500 до 600 грама“, вели Челебиев.Тој се обидува во товењето да бидат употребувани само гумени црева низ кои директно храната се става во желудникот за да се избегне повреда на пајките или гуските. Во 14 земји од ЕУ ваквиот принуден начин на товење е забранет како свирепо малтретирање на птиците, меѓу другоот и во Германија. Заштитниците на животните од цел свет протестираат со години против оваа пракса.

Gänsefarm Plovdiv Bulgarien
Кланица за птициФотографија: Ivan Bakalov

Трговијата со масен црн дроб и натаму успешна

Најголемиот саем за прехранбени производи во светот, Ануга во Келн го исфрли масниот црн дроб од асортиманот. Но, и покрај сите протетси постои побарувачка.

Челебиев тврди дека принудното товење не предизвикува болки, низ гркланот на птиците без проблеми се транспортираат поголемите количества храна. Во ЕУ користењето на масниот црн дроб не е забрането. Во американската сојузна држава Калифорнија напротив од летоска е изречена забрана за продажба.

Во Бугарија, една од најсиромашните земји во ЕУ, малкумина луѓе можат да си дозволат ваков деликатес, цената се движи меѓу 14 и 15 евра по килограм.

Gänseleberpastete Gänseleber Stopfleber Foie gras
Паштетите од гускин или пајкин црн дроб се бараниФотографија: picture-alliance/dpa

Товење во Бугарија удвоено

Во минатите години товење во Бугарија е зголемено од три на шест милиони птици. Само лани биле произведени 2600 тони црн дроб од пајки во вредност од околу 100 милиони евра. Тоа е 15 проценти од светската продукција. Во светот заради производство на масен црн дроб се употребуваат околу 40 милиони птици. Речиси 90 проценти од вкупното производство на овој деликатес отпаѓа на ЕУ. Други големи производители се Кина, САД и Канада. Извозот се одвива главно во Јапонија, Швајцарија, Хонгконг и Израел.