1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорот со името-главна задача на претседателот

6 април 2009

Германските парламентарци Јирген Климке од ЦДУ-ЦСУ, Гинтер Крихбаум од ЦДУ и социјалдемократот Валтер Колбо по изборите во Македонија очекуваат дека може да следи датум за преговори за прием во ЕУ.

https://p.dw.com/p/HR5V
Германија го поддржува македонскиот пристап во ЕУФотографија: AP

Германските парламентарци го поздравија мирниот избор на новиот претседател на Македонија. Според Јирген Климке од ЦДУ-ЦСУ, Јирген Крихбаум од Христијанско демократската унија и социјалдемократот Валтер Колбо, сега може да се очекува ЕУ да поразмисли околу датум за почетокот на пристапните преговори со Македонија.

Gunther Krichbaum CDU Abgeordneter
Гинтер КрихбаумФотографија: Deutscher Bundestag/Lichtblick/Achim Melde

Гинтер Крихбаум истакнува:

„Најпрво му честитам на секој кој политичкиот успех го носи во изборна победа. Во оваа смисла на новиот претседател во перидот што престои му посакувам се‘ најдобро.Но, секако останува Македонија да сработи уште многу нешта , особено кога е во прашање ЕУ членството, но и во другите сфери...“, вака Гинтер Крихбаум, пратеник од редовите на демохристијаните го поздрави изборот на новиот претседател на Македонија.

Колбо: очекувам Брисел да предложи датум за преговори за прием


Deutschland SPD Walter Kolbow
Валтер КолбоФотографија: picture-alliance/ dpa

Валтер Колбо од Социјалдемократската партија на Германија оценува дека изборите беа важен чекор кон ЕУ:

„Според мене, важно беше што изборите минаа без немири и насилство, што е претпоставка за реформскиот процес на земјата. Во врска со ова очекувам дека Европската комисија ќе поразмисли и уште до крајот на оваа година ќе предложи датум за почеток на пристапните преговори, што Сојузна Република Германија го поддржува,“ ова е првиот коментар на добриот познавач на Македонија, социјалдемократот Валтер Колбо, кој околу тесно надминатиот цензус од 40 проценти забележува:

„Ако се има предвид излезноста, ова беа задоволителни, но не и импресивни избори. Сам по себе изборниот резултат меѓутоа е за респект. За претседателот се изјаснија 60 отсто од оние 42 проценти што гласаа. Очекувам изборот да означи почеток на комбинација на соработка меѓу премиерот и новиот претседател. Тоа е победа на конзервативците. Социјалдемократите по изборите мислам дека ќе мора одново да се позиционираат.“

Зошто Албанците се воздржуваа од гласање?

За вчерашните избори е карактеристично дека беше мал одзивот во деловите со албанско население. Дали ова можеби се должи на малите очекувања кои ги имаат Албанците од еден конзервативен претседател?

Валтер Колбо мисли:

„Во суштина е важно дали албанските гласачи имаат интерес за еден од двајцата претседателски кандидати од македонска националност. Сметам дека се исплатува да се работи на довербата, контактите да се продлабочат и со политичките резултати навистина да се покаже дека интеграцијата нема да биде разнишана со изборот на еден конзервативен претседател“, смета Колбо.

Jürgen Klimke, CDU, Mitglied des Bundestags
Јирген КлимкеФотографија: Jürgen Klimke

Околу идните задачи кои стојат пред првиот човек на државата Јирген Климке од ЦДУ ЦСУ истакнува:

Главната задача е најпрво да се расчисти прашањето околу името кое го има Македонија со Грција, со што ќе се создаде предуслов за зачленување во ЕУ и НАТО. Тоа е решавачки и според тоа претседателот и ќе биде вреднуван. Ова е всушност прашањето кое е најважно за иднината на земјата.“

Валтер Колбо, пак, дециден:

Претседателот, како многу претседатели во демократските држави, има функција на пример за другите. Тој мора интеграцијата на етничките заедници да ја наведе како знак на распознавање на неговата работа. Тој мора Македонија меѓународно така да ја претставува, што земјата ќе може да стане дел од ЕУ. И спорот со името со Грција не треба да биде само работа на премиерот. Во преговорите и обидот за доближување на ставовите треба да се вклучи и претседателот. Ова ќе биде поддржано и придружено од меѓународната заедница и посебно од Сојузна Република Германија - изјави за радио Дојче веле Валтер Колбо, пратеник од фракцијата на социјалдемократите во германскиот Бундестаг.

Во врска со македонско-грчкиот спор со името, Гинтер Крихбаум вели:

„Кога е во прашање проблемот со името, не смее во основа да се случува одделни држави билатералните спорови да ги користат за блокирање на членството.Ова не се однесува само на Грција и Македонија, туку и на критикуваното однесување на Словенија кон Хрватска“.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Жана Ацеска