1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорот со името има билатерален карактер

Александар Чомовски 4 декември 2007

По посетата на Нимиц на Скопје, се најавува нова македоснко - грчка средба во јануари во Њујорк. Оценките остануваат дека спорот со името не е критериум за влез во НАТО.

https://p.dw.com/p/CWYv
Нимиц на срдба со македонскиот државно - владин врвФотографија: Macedonian Information Agency

Откако пет часови по разговорите со Метју Нимиц, македонскиот преговарачки тим молчеше, го немаше дури ни протоколарното соопштение на кабинетот на претседателот Црвенковски, за средбата со медијаторот Метју Нимиц, се огласи конечно амбасадорот и преговарач Никола Димитров.

Амбасадорот Димитров и неговиот грчки колега Василакис, во јануари ќе се видат повторно во Њујорк, тогаш се очекува нов предлог од медијаторот во деценискиот грчко македонкиот спор околу името.

Спорот со името е билтареален и не е критериум за македонскиот влез во Алијасната, рекоа дипломатите од Брисел и САД, сепак тие се согласни дека добрососедството е важна компомнента за влез во НАТО.