1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спорторама

19 април 2004

Настаните во фудбалскиот клуб Минхен 1860 ги ставија во втор план резултатите од 29-тото коло на првата германска фудбалска лига

https://p.dw.com/p/Aenj
Од натпреварот Борусија-Баерн
Од натпреварот Борусија-БаернФотографија: AP

Сменет е тренерот Фалко Гец, оставка поднесе потпретседателот на клубот Нанс Цехетмаер, сето по поразот на домашен терен од 2 спрема 1 против Хамбургер. Баерн загуби од Борусија Дортмунд, а со тоа и последната шанса да се бори за титулата. Нов првак практично е Вердер од Бремен иако до крајот има уште пет кола.

Интригантските настани кај минхенските лавови ја потиснаа на втор план спортската страна на последното коло на германската фудбалска лига. Поразот дома од Хамбургер од 1 спрема 2 ја прелеа чашата па се случија: болната поза на тренерот Фалко Гец кој знаеше дека е отпуштен, дилетантското однесување на потпретседателот на клубот Ханс Цехетмаер кој се прикажа како последен профи-дилетант, па и самиот поднесе оставка. Сето - слика на мизеријата во клубот кому му се заканува влез меѓу последните три екипи и напуштање на елитната лига. Наследник на Гец, кој е деветтиот отуштен тренер во оваа сезона, треба да биде Холанѓанецот Жералд Ваненбург кој уште денеска треба да ја преземе екипата. Соседот на Минхен 1860, Баерн нема такви грижи. Патем овие две екипи се среќаваат во локалното дерби во идната сабота. Меѓутоа, и кај шампионот атмосферата по поразот во Дортмунд од Борусија од 2 спрема 0 не беше на високо ниво. На критики беше изложен судијата Маркус Мерк, поради недосудениот пенал во полза на Баерн и пеналот против шампионот кој предизвика бурни реакции пред се кај капитенот Кан и креаторот на играта Балак. Тренерот на Баерн Отмар Хицфлед сепак со поглед напред:

“Голема возбуда владее во нашата екипа. Многу ќе се дебатира, но на играчите им реков: не треба повеќе да дискутираме. Тоа мора да се заборави. Загубивме три бода, но сега во минхенското дерби треба да освоиме три бода и можеби да стекнеме нова шанса за првото место. Значи, сигурно не се предаваме“.

Поразот на Баерн не го искористи лидерот Вердер за да обезбеди разлика од 10 бода. Одигра 0 спрема 0 против Хановер, но и осумте бода се скоро недостижни. Од поразот на Баерн профитираше Штутгарт кој го совлада Анјтрахт со 3 спрема 1 и му се приближи на бранителот на титулата на 2 бода во борбата за второто место кое директно води во лигата на шампионите. И четвртиот на табелата Баер од Леверкузен може повторно да сонува за лигата на шампионите откако на гости го совлада Шалке со 3 спрема 2. Франфурт и фенерџијата Келн кој загуби дома од Бохум со 2 спрема 1 мораат да почнат да размислуваат за настапите во втората лига, пред се затоа што конкурентите Херта и Кајзерслаутерн освоија, првиот еден бод по 1 спрема 1 во Менхегладбах, вториот три совладувајќи го Росток со 3 спема 2 дома. Волфсбург славеше победа против Фрајбург од 4 спрема 0, прва со новиот тренер Ерик Герец. Од фудбалот уште и веста дека бившата звезда Диего Марадона е в болница во Буенос Аирес поради пречки во работата на срцето и висок крвен притисок.

Од тенисот:

Германецот Томас Хас синоќа во Хјустон ја извојува првата победа на еден турнир по 2001 година. Тој во финалето го совлада прворангираниот Американец Енди Родик со 2 спрема 0 во сетови. Хас паузираше 15 месеци поради две операции на рамото.